Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ со обновливи извори на енергија ќе обезбеди поголемо и поквалитетно снабдување со електрична енергија за граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Гевгелија одговарајќи на новинарски прашања истакна дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе вложува во обновливи извори на енергија како што е ветерниот парк Богданци, со цел поголемо и поквалитетно производство на електрична енергија.

— реклама —

Во овој регион недалеку се гледа ветерниот пак Богданци кој го реализираше владата на ВМРО-ДПМНЕ, продолжуваме и понатаму исто во околината, втората фаза, но и други можности се испитуваат за одреден вид на јавно приватно партнерство помеѓу денешно ЕСМ и приватни инвеститори за изградба на вакви енергетски капацитети, со што ќе се зголеми производното портфолио од обновлива енергија во Македонија, рече Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски додаде дека на тој начин ќе се обезбеди поквалитетно снабдување со електрична енергија до нашите граѓани, а воедно порача дека ќе се укине таксата за пристап до мрежа која ја наметна оваа власт.

— реклама —

Она кое е важно, онаа наметната такса за пристап до мрежата која ја наметна октроираниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, целосно партизираниот Бислимовски, ќе бие укината. Цениме дека нема потреба од таков тип на оптоварување на граѓаните, изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 12 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 16 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 16 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања