Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Мицкоски за интервенцијата во говорот на Меланија Трамп: Невозможно е, некои дипломати само сакаат да бидат интересни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library7kpr0omvi7a2e7pvDRA

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли како неосновани наводите во дел од грчките медиуми дека нивниот амбасадор во САД интервенирал во говорот на првата дама на САД, оценувајќи дека такво нешто е практично невозможно и претставува обид за медиумска манипулација.

„Јас го прочитав тој натпис во медиумите кај нашиот јужен сосед, претпоставувам дека дипломатски е изворот. Зарем некој може да верува дека говорот на Првата дама на Соединетите Американски Држави пред таа да го каже во јавност оди на рецензија кај некој дипломатски претставник? Јас не верувам во тоа. Односно, ако тоа се случило, тогаш Соединетите Американски Држави имаат озбилен безбедносен проблем во безбедносниот протокол. А тоа што претпоставувам, некои од дипломатите на некоја амбасада сакаат да бидат интересни, можеби за медиумите, па тоа го претставуваат како, не знам каков дипломатски успех или нешто слично, тоа е друга тема. Но, верувајте, од моето искуство, многу тешко да не речам невозможно е да некој надворешен дојде до говор на Првата дама на Соединетите Американски Држави пред таа да го соопшти на јавноста. Така што, тие што ова го смислиле, мислам дека направиле неуспешна игра на себе“, изјави Мицкоски.

— реклама —
media-libraryid2nkn9987eib45jnNi

Меланија Трамп сакала да го употреби името Македонија, но Грците ја коригирале

Kaко што пренесуваат грчките медиуми, сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија планирала да го употреби името Македонија, по што Грција реагирала.Дел од грчките медиуми пренесуваат дека се очекувало Меланија Трамп да ѝ се обрати на сопругата на македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, користејќи ја фразата „ја поздравуваме Македонија“, во присуство на гости од 45 земји. Сепак, грчкиот амбасадор во САД, Антонис Александридис, бил информиран однапред за говорот и презел соодветни дипломатски чекори за да не се случи тоа, пренесува Greek reporter.„Бидејќи терминот „Македонија“ се однесува исклучиво на историскиот и географски грчки регион, неговата употреба како име за странска држава претставува чувствително дипломатско прекршување. Според принципот erga omnes од Преспанскиот договор, соседната држава мора да се именува како „Северна Македонија“ во сите официјални и јавни контексти“, пишува порталот.Како одговор, грчките дипломати стапиле во контакт со надлежните институции за да обезбедат официјалните записи и идните комуникации да ја користат точната терминологија.„Амбасадата појасни дека користењето на името „Македонија“ за суверената држава во Скопје не само што ги игнорира меѓународните договори, туку создава и регионална конфузија во врска со грчкиот културен идентитет. Оваа решителна дипломатска интервенција покажува дека Атина внимателно ги следи случувањата во Вашингтон, нагласувајќи дека додавката „Северна“ во името на државата што граничи со Грција е правно обврзувачка, а не изборна, и има цел да го заштити посебниот идентитет на грчкиот регион Македонија“, објави грчкиот портал.На самитот во Вашингтон што го организира првата дама на САД, Меланија Трамп, учествува и сопругата на македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска. Како што соопштија од владината прес-служба, сопругата на премиерот остварила краток разговор и разменла мислења и со Меланија Трамп и со првата дама на Франција, Брижит Макрон.

Македонија | пред 3 седмици

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0jmnac6eokjjcwnoy3Q

(Видео) Мицкоски од Виена: Дијаспората да се врати и да инвестира во Македонија

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library4mdjpgf2t7fd7Y4VFb7

Мицкоски на средба со Витакер: Соработката со САД е клучна за регионална стабилност

Македонија | пред 2 дена

media-library40kgnmoh9tu61CCTpUc

Мицкоски: Дел од професорите не работат доволно, а очекуваат високи плати

Македонија | пред 5 дена

media-librarya0ff3t60g1f2bIcZ0qJ

Мицкоски: Шест квартали по ред имаме раст на БДП од 3,5%, во услови кога растот во ЕУ е под 1%

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања