Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: За поддршка на Законот за реорганизација и работа на органите на државната управа побарав поддршка од сите и разговарав и со СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-06-06-at-12.39.17

„Гласаа пратеници од ДУИ точно, но од коалицијата „Европски фронт“ гласаа пратеници кои се дел од Турската демократска партија, од Демократската партија на Албанците и други пратеници кои не се од ДУИ. Очекувавме да гласаат и пратениците кои се дел од коалицијата предводена од СДСМ и пратениците од политичката партија Левица“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање одговарајќи на новинарско прашање прашан за поддршката од страна на ДУИ за реорганизација на министерствата.

— реклама —

Мицкоски истакна дека отворена била вратата за сите пратеници за да дадат поддршка за реорганизација на министерствата.

— реклама —

„Бидејќи тоа што СДСМ не го кажува, а што треба македонската јавност да го знае е дека јас лично остварував со нив контакти цело време и вратата да го поддржат овој закон за сите пратеници беше отворена. Тоа што дел од идните опозиционери препознаа квалитет во овој закон и гласаа тие треба да дадат одговор, додека дел од идните опозиционери кои не препознаа квалитет или имаа некои други политички математики и калкулации не гласаа“, посочи Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски продолжи и додаде:

„Што се однесува до составот на идната влада, таа ќе е составена од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“ или „Влен“ и политичката партија „ЗНАМ“ предводена од градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски. Во Македонскиот парламент во опозиција ќе биде коалицијата „Европски фронт“, коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ и политичката партија Левица. Со тоа ќе биде реализирано и второто ветување кое го дадовме на изборите. Првото ветување беше реорганизација на составот на влада, второто ветување е ДУИ во опозиција, третото ветување 400 до 450 милиони евра инвестиција во производство на електрична енергија од обновливи извори која ќе ја види македонската јавност на 25 јуни“, дециден е Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 17 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 22 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 22 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања