Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Мицкоски за протестите на ССМ: Не се борат за плати, туку за политичка пресметка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
protest-na-ssm

„Секој има право да протестира“, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата во интервју во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 за најавените протести на дел од синдикалните организации.

 Премиерот Мицкоски посочи дека тој нема ништо против повисоки примања, но смета дека целта на синдикатите е политичка пресметка, а не повисоки плати за работниците.

— реклама —

„Ги видов барањата, тоа не е нешто кое што е ново. Апсолутно јас сум секогаш за повисоки примања. Секој треба да добие повисоки примања, тука нема дилема ниту пак некој има спротивно мислење, но тоа кое што треба да се каже и да се погледне на вистината во очи е фактот дека неколкумина кој што се дел од водството на овој синдикат се апсолутно заробени од страна на одредени политички амбиции и политички фигури. И сето ова кое што таму го прават има таква задача, таква цел. Не е целта тука хумана, па сега они излегуваат и повикуваат на протести за да еве работниците добијат повисоки плати, туку напротив“, рече премиерот.

На прашањето дали смета дека утрешниот повик за протест на ССМ има политичка позадина, Мицкоски рече:

— реклама —

„Апсолутно, зар некој треба да има дилема на протест на синдикатите кој што е најавуван пред неколку недели, а се случува неколку дена по одржувањето на Конгрес на една политичка партија. Мислам дека тука не треба никој да има дилема.“

Мицкоски, вели дека раководството на ССМ смета дека со ваквиот начин ќе направат штета на Владата, но како што рече не станува збор за повисоки плати, туку станува збор за синдикално барање кое е заробено од политиката и одредени политичари од опозицијата.

„Тие сметaат дека на овој начин ќе нанесат штета на Владата. Не е суштината повисоката плата на работниците, туку мислат дека ќе нанесат штета, бидејќи нивното претседателствување и начин на функционирање во синдикатот е од фамилијарна низа, еден на друг се пренесуваат. Еве погледнете да речеме родителите на дел од раководството на ССМ, каде биле порано претседатели, на кои синдикати, ќе ви стане јасно како функционира таа структура. Така што, апсолутно не станува збор за никакви права на работниците, не станува збор за  било што кое што е поврзано со повисоки плати на работниците, туку станува збор за синдикално барање кое е заробено од политиката и одредени политичари од опозицијата“, дециден е Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0jmnac6eokjjcwnoy3Q

(Видео) Мицкоски од Виена: Дијаспората да се врати и да инвестира во Македонија

Македонија | пред 21 час

— реклама —
media-library4mdjpgf2t7fd7Y4VFb7

Мицкоски на средба со Витакер: Соработката со САД е клучна за регионална стабилност

Македонија | пред 2 дена

media-library40kgnmoh9tu61CCTpUc

Мицкоски: Дел од професорите не работат доволно, а очекуваат високи плати

Македонија | пред 5 дена

media-librarya0ff3t60g1f2bIcZ0qJ

Мицкоски: Шест квартали по ред имаме раст на БДП од 3,5%, во услови кога растот во ЕУ е под 1%

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања