Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Мицкоски: Заокружете го бројот 9 на 19 октомври за Шуто Оризари да стане пристојно место за живеење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-library40an4elh0sn0abxLbud

На денешниот народен митинг во Шуто Оризари во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што кажа дека Шуто Оризари ќе стане пристојно место за живеење, ќе се решаваат инфраструктурни проекти каде граѓаните ќе имаат квалитетен живот.

„Многу ми е драго што сум тука, во Шуто Оризари – место со многу проблеми, но со големо срце и душа. Долго време оваа општина беше ставана на маргините. Предолго време беше поттурнувана на страна, беше газено достоинството и честа на луѓето. А оваа општина е на само неколку километри од центарот на градот, но со супстандардни услови. Тоа што политичарите тука доаѓаа само пред избори, ветуваа и не остваруваа ништо, само покажува колку го потценуваа народот на Шутка. Тоа не смее повеќе да се повторува, а и вие добро ги знаете тие луѓе кои на Шуто Оризари гледаа само како на гласачка машинерија. Јас ве гледам во очи, стојам пред вас и ви велам дека Шуто Оризари мора да оди напред, да прави крупни чекори и да ги решава крупните проблеми. Времето кога на општината се гледаше како на место за богатење на неколкумина, а тие ја третираа како своја приватна фирма завршува. Бидете мудри, овој пат вие, граѓаните, одлучувате. Секој ваш глас овде се брои и е важен. Знам дека сега доаѓаат и ви нудат разноразни непринципиелни понуди, пари и поткупи. Слушам дека има и такви кои нема да жалат да го одврзат ќесето само за да добијат глас повеќе. Но овој пат постапете мудро за иднината на вашите деца. Запрашајте се: кој може да направи повеќе? Тие што ви нудат поткуп, или ние што ви нудиме работа, проекти и подобри услови за живот? Јас нема да ветувам непринципиелни работи, ниту пак да ветувам нешта што не можам да ги исполнам. Но ви ветувам работа и решавање на проблемите со кои секојдневно се соочувате. Длабоко ве почитувам и ве гледам како мои соседи, пријатели и искрени луѓе“ кажа Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски освен останатите проекти потенцираше дека во план е амбуланта во Шуто Оризари.

„Амбуланта во Шуто Оризари која знам колку е потребна и заедно со поликлиниката која ќе почне да се гради во соседна општина Бутел, мислам дека со ова здравјето на жителите во Шуто Оризари ќе добие едно повисоко ниво на третман, а ние како Влада тоа ќе го направиме,“ кажа Мицкоски.

— реклама —

Понатаму, Мицкоски ги повика граѓаните да гласаат за број 9 за подобра иднина и развој на државата.

„Затоа излезете и гласајте за себе и за вашите семејства. За иднината на вашето маало, за вашата улица и за местото во кое сте родени и живеете. Ерџан Демири е нашиот кандидат за Шуто Оризари. Многумина ме убедуваа да поддржиме други кандидати и други коалиции. Но единствената коалиција што овде ја признавам е коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот. Ерџан е нашиот избор,  вистинскиот избор за развојот на Шуто Оризари. Со изборот на Ерџан, вие гласате за одличен тандем. Ерџан ќе работи заедно со Орце Ѓорѓиевски, кандидатот за градоначалник на Скопје. Тоа што ќе гласате за Ерџан значи дека Шуто Оризари ќе ја има поддршката и од Градот Скопје, со кој ќе соработуваат одлично, а и Владата ќе работи силно за Шуто Оризари да стане пристојно место за живеење“ кажа Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0jmnac6eokjjcwnoy3Q

(Видео) Мицкоски од Виена: Дијаспората да се врати и да инвестира во Македонија

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-library4mdjpgf2t7fd7Y4VFb7

Мицкоски на средба со Витакер: Соработката со САД е клучна за регионална стабилност

Македонија | пред 2 дена

media-library40kgnmoh9tu61CCTpUc

Мицкоски: Дел од професорите не работат доволно, а очекуваат високи плати

Македонија | пред 5 дена

media-librarya0ff3t60g1f2bIcZ0qJ

Мицкоски: Шест квартали по ред имаме раст на БДП од 3,5%, во услови кога растот во ЕУ е под 1%

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања