Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Мицкоски: Започна реконструкцијата на „Брсјачка Буна“ во Шуто Оризари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Скопје
media-librarybt6p834q4u3bcYexZUn

Премиерот Христијан Мицкоски го честиташе 8 Април – Светскиот ден на Ромите, посакувајќи успех, здравје и среќа, и нагласи дека денот е потсетник да се исправат минати пропусти и да се работи за подобра иднина. При посетата на Шуто Оризари истакна поддршка за инфраструктурни проекти: 58 проекти вредни околу 4,5 милиони евра (275 милиони денари), финансирани преку повеќе ресори. Најави можен нов повик догодина и порача дека соработка меѓу Владата, општините и граѓаните ќе продолжи.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го честиташе Светскиот ден на Ромите, 8 април, и им посака успех, здравје и среќа на сите граѓани. Тој истакна дека денот е прилика да се потсетиме на она што во минатото можеби било пропуштено и да се заложиме за надминување на тие пропусти во иднина. Посетата на Шуто Оризари, како што рече Мицкоски, има токму таа цел – да се реализираат отстапките и да се работи за подобра иднина за ромската заедница.

 „Да покажеме дека оваа Влада ја препознава општина Шуто Оризари и сака да помогне во делот на реализирање на инфраструктурни проекти.

— реклама —

Градоначалникот спомена дека станува збор за  58 проекти со вкупна вредност отприлика 4 и половина милион евра, некаде околу 275 милиони денари. Но, и покрај проектите кои што се финансирани преку првиот и вториот повик од Министерството за локална самоуправа, за што му благодарам и на министерот кој што е денеска со нас, имаме проекти кои што се реализираат и преку други ресори во Владата, како што е Министерството за транспорт, за што му благодарам на заменик- претседателот на Влада и министер за транспорт, исто така му благодарам и на градоначалникот на Град Скопје којшто заедно со градоначалникот на Шуто Оризари допринесува да понатаму имаме јасни планови за развој на општина Шуто Оризари.

Исто така сакам да му се заблагодарам на градоначалникот на општината, на Советот кој што ја подржува работата на градоначалникот, на администрацијата која што секогаш е тука да помогне при реализацијата на новите проекти, на колегите од владата затоа што без целосен концепт ние не ќе можеме да ги реализираме овие проекти бидејќи со пролета  градилиштата повторно се формираа и ние сега имаме на илјада и двесте точки отприлика на целата држава градежна механизација и оператива која што работи на реализирање на проекти од првиот и од вториот повик.

— реклама —

Мојата порака и до градоначалниците тука е да се подготвуваат бидејќи до година повторно ќе имаме, само да видиме какви ќе бидат можностите во буџетот, повторно ќе имаме таков повик за да можат да реализираат проекти кои што ќе значат дополнителна вредност во квалитетот на животот на граѓаните во општините.

Така што ова е би рекол една хармонична соработка помеѓу сите стејхолдери, помеѓу сите страни, Владата, општините, нормално и граѓаните. Нормално јас очекувам во таа насока да продолжиме и во иднина.

Уште еднаш благодарност за сите кои се вклучени, на граѓаните за трпението и толеранцијата која ја имаат при реализацијата на овие проекти, но сепак кога ќе се заврши сето ова, тие непријатности од повеќе прашина, од повеќе сообраќаен метеж ќе бидат заборавени и тогаш ќе имаме инфраструктура која што ќе го подобри квалитетот на животот на истите“, додаде Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0jmnac6eokjjcwnoy3Q

(Видео) Мицкоски од Виена: Дијаспората да се врати и да инвестира во Македонија

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-library4mdjpgf2t7fd7Y4VFb7

Мицкоски на средба со Витакер: Соработката со САД е клучна за регионална стабилност

Македонија | пред 2 дена

media-library40kgnmoh9tu61CCTpUc

Мицкоски: Дел од професорите не работат доволно, а очекуваат високи плати

Македонија | пред 5 дена

media-librarya0ff3t60g1f2bIcZ0qJ

Мицкоски: Шест квартали по ред имаме раст на БДП од 3,5%, во услови кога растот во ЕУ е под 1%

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања