Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Мицкоски застана во одбрана на Дафина Стојаноска, смета дека Трендафилов треба да се извини и дека децата не биле прикажени децата на снимката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Настани
media-librarygmv2mfakq6c6fWJ0V58

Премиерот Христијан Мицкоски реагираше на изјавите на претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, оценувајќи дека неговиот настап бил премногу нервозен и исполнет со навреди, и дека со тоа испуштил можност да биде над ситуацијата.

„Јас го видов тоа што го кажуваше Трендафилов. Видов еден човек кој беше премногу нервозен, истури навреди, но ние сме јавни личности и навикнати сме на тоа. Жалосно е што други јавни личности не се навикнати на јавна критика“, изјави Мицкоски, додавајќи дека јавната критика понекогаш е вистинита, а понекогаш не, но дека, според него, најголемиот дел од обвинувањата кон него на социјалните мрежи и од одредени медиуми се невистини.

— реклама —

Тој се осврна и на оправдувањето на Трендафилов во врска со користењето на службено возило, оценувајќи го како „бледо оправдување“. Премиерот нагласи дека повеќе е загрижен за нивото на јавна култура и речникот што бил употребен во реакцијата, особено затоа што, како што рече, станува збор за жена и мајка. Мицкоски посочи дека на видеото не биле прикажани малолетните деца на Трендафилов и дека било внимавано на тој аспект, но смета дека Трендафилов требало да покаже поголема воздржаност. Според него, пратеничката Дафина Стојановска треба да добие извинување.

Претходно, Трендафилов на прес-конференција остро реагираше на видеото кое Стојановска го објави на социјалните мрежи, а во кое, според нејзините тврдења, тој ги вози своите малолетни деца со службено возило на синдикатот. Во својата изјава, Трендафилов упати тешки квалификации, оценувајќи дека станува збор за недозволиво објавување на содржина поврзана со малолетни лица и побара институционална реакција од Министерството за внатрешни работи и од обвинителството.

— реклама —

Тој го повика и претседателот на Собранието да поведе постапка за одземање на имунитетот на пратеничката, најавувајќи дека ќе ги информира и дипломатските претставништва и синдикалните организации на меѓународно ниво.

Случајот предизвика остра јавна полемика и нова размена на обвинувања меѓу политички и синдикални претставници, при што фокусот се префрли од прашањето за користење на службено возило кон начинот на комуникација и границите на јавната критика.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0jmnac6eokjjcwnoy3Q

(Видео) Мицкоски од Виена: Дијаспората да се врати и да инвестира во Македонија

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-library4mdjpgf2t7fd7Y4VFb7

Мицкоски на средба со Витакер: Соработката со САД е клучна за регионална стабилност

Македонија | пред 2 дена

media-library40kgnmoh9tu61CCTpUc

Мицкоски: Дел од професорите не работат доволно, а очекуваат високи плати

Македонија | пред 5 дена

media-librarya0ff3t60g1f2bIcZ0qJ

Мицкоски: Шест квартали по ред имаме раст на БДП од 3,5%, во услови кога растот во ЕУ е под 1%

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања