Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Милијардерот Бил Гејтс на одмор во Црна Гора

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин
873x400

Американскиот милијардер и основач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, помина дел од летниот годишен одмор во Тиват. Гејтс, со сопругата Мелинда, и нивните три деца, пристигнале во Црна Гора со нивната јахта „Лејди Ес“ на 28 јули, а ја напуштиле земјата во четвртокот.

— реклама —

Тие престојувале во хотелот „Риџент“ во ексклузивниот наутичко-туристички центар Порто Монтрнегро, потврдиле за „Вијести“ неколку гости.

— реклама —

— реклама —

Според весникот „Побједа“, Бил Гејтс, во средата посетил неколку привлечни локалитети на северот на земјата. Со оглед на тоа што Бил и семејството биле опкружени со многу телохранители било невозможно да се пристапи до нив или да се фотографираат.

Како што рекле некои од гостите во хотелот, Гејтс и неговото семејство се многу едноставни и спонтани луѓе. Основачот на „Мајкрософт“, наводно, бил особено импресиониран од атрактивноста и убавината на заливот на Бока Которска. Тој бил и на рафтинг на Тара.

Гејтс, според „Форбс“, има богатство вредно 100 милијарди долари, што го прави втор најбогат човек на планетата, по основачот на „Амазон“, Џеф Безос, кој „тежи“ 153 милијарди долари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања