Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Милошоски: Поради најнеспособниот тандем Лога и Аврамовска Мадиќ, довербата на судството е 2 проценти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

По однос на писмата на министерот за правда во заминување господинот Кренар Лога, од негова страна има право да се жали доколку сака да пишува такви писма, но се надевам дека писмата нема да ги испрати преку Македонска пошта, јавното претпријатие кое што 20 години го управува ДУИ и е нефункционално. Бидејќи ако ги испрати преку Македонска пошта може да не стигнат до адресите на кои што сака да се пожали министерот Лога, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет, Антонијо Милошоски во денешното гостување во Дејли Клик на телевизија ТВ 21 во однос на писмата кои што утрово ги објави министерот за правда тврдејќи дека ќе ги испрати до амбасадите во Македонија на меѓународната заедници за да се пожали за претстојните реформи во правосудните органи како што се Судски совет и Републичкиот совет на јавни обвинители.

— реклама —

„Но, по однос на темата Републички судски совет и Совет за јавни обвинители, токму заради најнеспособниот тандем до сега во Министерството за правда, министерот Лога и заменичката министерка Аврамовска Мадиќ, мислам дека падна довербата во правосудство и во овие две институции на рекордно ниски два проценти“, рече Милошоски додавајќи дека реформи се неопходни и во двете овие институции.

— реклама —

Милошоски посочи дека смета дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат обврска како ветен проект пред граѓаните за кои што добивме голема поддршка, да направиме реформи во овие две институции.

— реклама —

„Законските интервенции кои што ќе се однесуваат на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители ќе бидат сублимат на експертски мислења и препораки на домашната стручна јавност како може да се зголеми автономијата и ефикасноста на овие две институции“, истакна Милошоски.

Милошоски кажа дека никој од СДС и од ДУИ нема да може да се сокрие зад партијата, и дека секој кој згрешил или го прекршил законот, ќе одговара.

„Некои од челниците на СДС ја користат партијата како акционерско друштво. Некако зад партијата сакаат да го сокријат сето она кое го правеа во изминатите години. Јас им порачувам и на оние кои ја водеа државата во изминатите седум години и од СДС и од ДУИ, времето за одговорност допрва доаѓа“, рече Милошоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 17 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 22 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 22 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања