Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Милошоски: СДСМ и ДУИ оставија буџет со критично ниско ниво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Milososki-20.04.2022

Државата е навистина доведена во незавидна ситуација каде нема луксуз да се делиме, поларизираме, пребројуваме на ваши, наши, нивни, треба сите можни ресурси да се ангажираат за да може да постигнеме одредени цели и затоа е таа подадена рака и кон тие кои се претставници и симпатизери на СДСМ. Но тоа не значи дека некој што се огрешил пред законот ќе биде заштитен од одговорност. Ако некој бил директор, министер, функционер од СДСМ и ДУИ и според материјални докази се докаже дека го прекршил законот ќе си одговара согласно законските одредби, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа.

— реклама —

Милошоски продолжи и додаде:

— реклама —

„Ќе треба да се направи силна динамика на работа на извршната власт и Собранието заеднички бидејќи тоа што најмногу загрижува од податоците кои ги добивме од техничката влада од министерството за финансии преку претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, заменичкиот министер за финансии дека државниот буџет и приходите во државниот буџет се на критично ниско ниво. Во најголемиот дел од министерствата и институциите доведено е сервисирањето на основните услуги кои овие институции ги даваат. Тоа ќе биде најголемиот предизвик на новата влада како да се покрие финансиската штета која беше направена од СДСМ и ДУИ за да може буџетот да се врати во кондиција“, рече Милошоски.

— реклама —

Тој потенцираше дека секој министер и директор на поголемо државно претпријатие откако ќе влезе во институцијата треба да си направи основна ревизија на буџетската состојба на институцијата што ќе ја раководи и актуелната финансиска состојба без разлика колку таа да е лоша да ја сподели со јавноста.

„На сите овие номинирани кандидати за министерски позиции треба да им се честита за тоа што прифатиле ваков предизвик секој еден од нив е свесен дека влегува во тешка ситуација во сите министерства. Токму тоа е предизвикот полошо од ова не може да биде мора да направиме Македонија да ја искористи оваа шанса да ги врати министерствата во вистински колосек да ја подобри ситуацијата и стандардот во државата“, вели Милошоски.

Милошоски укажа на тоа дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува да одвои добар дел од буџетот кон општините со однапред подготвена проектна документација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 17 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 22 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 22 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања