Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Министерот за правда со остра порака: Уставот не се толкува по дневна политика, правосудниот испит не е политичко прашање, туку уставна и законска обврска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryt5ric0v46sk54AMQmj5

Игор Филков, министер за правда, порача дека времето на селективно толкување на Уставот и законите, според дневнополитички потреби, завршило со заминувањето на СДСМ и ДУИ од власт и дека актуелната Влада нема намера да ја продолжи праксата на правен релативизам и институционален хаос. Како што истакна, обврска на институциите е да воспостават јасни правила, правна сигурност и целосно почитување на уставниот поредок.

Реагирајќи на изјавите на вицепремиерот Беким Сали за можноста правосудниот испит да се полага на албански јазик, Филков нагласи дека Уставот не смее да биде предмет на слободни интерпретации и дека одлуките во правната држава не се носат по лична проценка или политички впечаток, туку исклучиво по Устав и закон. Тој појасни дека Министерството за правда ја разгледало петицијата на студентите и извршило детална анализа на релевантните уставни и законски одредби.

— реклама —

Според Филков, иако Законот за употреба на јазиците дозволува користење на албанскиот јазик во постапките пред институциите, правосудниот испит не може да се третира изолирано, бидејќи тој е предуслов за влез во судството, обвинителството, адвокатурата и другите правни професии, каде законите јасно бараат активно познавање на македонскиот јазик. Полагањето на испитот на македонски јазик, како што рече, служи токму за проверка на таа јазична и стручна подготвеност, со оглед на тоа што постапките и актите во правосудството примарно се водат на македонски јазик и кирилско писмо.

Министерот потсети дека Уставот јасно го утврдува македонскиот јазик како примарен службен јазик на целата територија на државата, а дека Законот за правосудниот испит не предвидува можност за негово полагање на друг јазик. Дополнително, се повика и на забелешките на Венецијанската комисија, која укажала на нејаснотии и проблеми во примената на Законот за употреба на јазиците, особено во судските постапки.

— реклама —

Филков оцени дека тврдењата оти Министерството нема аргументи се неосновани и политички мотивирани и упати порака дека Уставот не е тема за медиумски настапи, ниту алатка за политички наративи. Како што нагласи, правосудството не смее да биде заложник на ничија агенда и секој носител на функција е должен да ги почитува Уставот и законите, бидејќи секој друг пристап претставува недозволив притисок врз правната држава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4os7f68squqkfBLa0MX

Филков пред амбасадорите на ЕУ: Реформите во правосудството се наш врвен приоритет

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-librarykq3gs2lb45i4fI1OI4z

Платите во правда ќе растат до 21% – потпишан колективен договор

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryail7uimv1bf48F2shUE

Филков оствари средба со директорот на АВМУ за унапредување на медиумската регулатива во изборниот процес

Македонија | пред 4 седмици

media-library6g6ia9a0j5qlfV1AO0Z

Филков од Подгорица: Македонија и Црна Гора ја зајакнуваат соработката во реформите во правосудството

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања