Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Министре, батериите ли се криви за бегството на Груби, праша СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
toskovski34

„Дали министерот за внатрешни работи Тошковски конечно ќе преземе одговорност за катастрофалното функционирање на МВР и бегството на Груби“, прашува СДСМ.

— реклама —

„Последните информации за бегството на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, каде што „батериите“ на камерите не работеле токму кога тој ја напуштал границата предизвика потсмев од граѓаните. До кога министерот ќе ја замајува јавноста и кога планира да признае дека ова е договорено бегство?

— реклама —

Како што објави Министерството за внатрешни работи, полициските службеници од граничниот премин „Блаце“ не ги почитувале процедурите, иако за Груби постоело јасно известување „задржи и веднаш извести“. Наместо тоа, тие не го провериле системот, дозволиле возилото да помине без соодветна контрола и не ги регистрирале патниците како што налага законот. Притоа, во критичниот момент камерите „случајно“ не функционирале.

— реклама —

СДСМ денес ќе објави сериозни индиции за вмешаност на МВР и Тошковски во целото бегство и нови „случајности“ кои ќе отоворат сомнеж за вмешаноста на МВР во целата работа.

СДСМ ќе продолжи да инсистира на транспарентност, одговорност и функционални институции кои ќе работат исклучиво во интерес на граѓаните“, соопшти СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Македонија | пред 2 часа

media-libraryjh5focvnr7dv3FbX14S

СДСМ: Со Мицкоски Македонија е на колена

Македонија | пред 4 часа

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 20 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања