Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Митева: Трагедијата во Кочани ја разбуди државата од долгогодишниот институционален застој

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
miteva-pres-3

Марија Митева оцени дека трагедијата во Кочани е тешка лекција и силен аларм, бидејќи системот долго време бил во институционален застој. Таа нагласи дека целта е системот да функционира стабилно и континуирано, без да се руши со политички промени. По трагедијата, според Митева, биле засилени инспекциските контроли и направена анализа на слабостите: во 2025 имало околу 4.000 надзори, над 1.700 прекршочни налози и 162 привремени забрани, а активните лиценци биле сведени на седум. Воведена е и меѓуресорска координација за појасни надлежности.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Трагедијата во Кочани претставува тешка лекција и сериозен аларм за државата, оцени портпаролката на Владата и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма, посочувајќи дека системот предолго време функционирал во состојба на институционален застој.

Таа нагласи дека суштината не е само во „разбудувањето“ на системот, туку во неговото стабилно и континуирано функционирање, независно од политичките промени.

— реклама —

„Кочани беше една тешка лекција за сите и силен аларм за државата, затоа што системот предолго време беше во длабок сон. Но, поважно е кога ќе го изградите системот, тој да продолжи да функционира и да не се руши со секоја промена на власта, туку да работи врз принципи кои ќе се почитуваат доследно“, изјави Митева.

Според неа, по трагедијата биле спроведени засилени инспекциски контроли и направена сеопфатна анализа на институционалните слабости, со цел да се намали ризикот од злоупотреби.

— реклама —

Митева посочи дека во текот на 2025 година биле реализирани околу 4.000 инспекциски надзори, издадени повеќе од 1.700 прекршочни платни налози и донесени 162 решенија за привремена забрана за вршење дејност, додека бројот на активни лиценци бил сведен на седум.

„Контролата е реална кога бројките го потврдуваат тоа. Колку повеќе надзори и контроли има, толку е помала веројатноста за злоупотреби“, истакна таа.

Дополнително, нагласи дека институциите воспоставиле меѓуресорска координација, особено во делот на утврдување на надлежностите, што, како што рече, било едно од клучните прашања отворени по трагедијата.

„Не станува збор за реакција само по трагедијата, туку за континуиран пристап во изминатите 365 дена, кој ќе продолжи и понатаму“, додаде Митева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylqithsb5mvt29p2NNo3

Митева: За скоро две години Влада на ВМРО-ДПМНЕ во сите квартали имаше раст на БДП и поради тоа можеме да менаџираме со евентуални кризи

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarys8hcoo42lrekbFNjTlw

Митева: Владата превенираше дополнителни ценовни шокови, имаме план како да се справиме со ситуацијата

Македонија | пред 2 седмици

miteva-pres-3

СДС брани систем што штител криминал, Обвинителството нема да биде продолжена рака на политика, вели владината портпаролка

Коментари | пред 2 седмици

media-libraryti58g8i38u11dj9NnjX

Жерновски ќе бара правда преку Судскиот совет, оти смета дека портпаролката Митева знае испох од постапка која е во тек

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања