„Младите доаѓаат“ е насловот на претстојниот концерт на Филхармонија кој ќе се одржи овој четврток, на 23 мај во 20 часот.
Следејќи ја традицијата, и оваа година со Филхармонија ќе настапат млади, талентирани музички уметници, ученици од државните музички училишта во земјава, кои се избрани по пат на аудиција.
Под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, ќе бидат изведени дела од Крајслер, Виењавски, Дворжак, Бетовен, Монти, Маскањи, Штраус, Рахмањинов...
На годинашниот концерт „Младите доаѓаат“ како солисти ќе се претстават: Иван Милосов – виолина, класа: проф. Петар Поповски; Наоми Георгиевска – виолина, класа: проф. Олег Кондратенко; Танер Мачев – кларинет, класа: проф. Игор Димов; Ева Живковска – соло пеење, класа: проф. Имери Мустафа; Леонардо Димоски – виолина, класа: проф. Љупчо Трајаноски; Дани Жоговска – пијано, класа: проф. Огненка Герасимовска-Димитровска; Сања Димова – соло пеење, класа: проф. Ѓорги Димитров; Хелена Мочевиќ – соло пеење, класа: проф. Гонца Богоромова; Александра Гическа – пијано, класа: проф. Маја Божиновска.