Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

МНР апелира: Македонските државјани во Израел да ги следат безбедносните упатства

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
mnr-5-1

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека поради влошената безбедносна состојба во Израел, упатува апел до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава внимателно да ги следат официјалните национални портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции.

Истовремено, Министерството препорачува сите државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион сè до стабилизирање на безбедносната состојба.

— реклама —

Според информациите добиени од Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив, воздушниот простор над Израел е затворен за цивилни летови до понатамошно известување. Сите комерцијални влезни и излезни летови се суспендирани, без конкретна најава за обновување на редовниот воздушен сообраќај.

Од Министерството ги потсетуваат државјаните дека во случај на потреба од помош можат да се обратат во Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив на телефонските броеви +972 54 500 8566 и +972 54 967 0546, како и на електронската адреса telaviv@mfa.gov.mk.

— реклама —

Дополнително, на располагање е и дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија: +389 75 273 732 и +389 75 268 736, како и електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk.

Министерството соопштува дека преку Дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив континуирано ја следи состојбата и дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите понатамошни случувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1vq09bb3o72l0JAWy66

Муцунски со европски дипломати: Фокус на реформи, безбедност и интеграции

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-library3637m1sijgsncolKhv8

Муцунски од Анталија: Коридорите 8 и 10 се клуч за развој и стабилност

Македонија | пред 5 дена

media-libraryl5r8ekvdotj1cSZCEQ4

Завршена евакуацијата: 605 македонски државјани извлечени од Блискиот Исток

Македонија | пред 1 месец

media-libraryce0gohncb6qv4JBNWiQ

Македонските граѓани во Бахреин, Кувајт и Саудиска Арабија ќе се вратат во земјава со специјален лет на 11 март

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања