Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

За првпат обезбеден учебник „Јазик и култура на Ромите“ за 6-то одделение

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library5o1jod51elkm686j1Z9

Министерството за образование и наука (МОН) за прв пат обезбеди учебник по изборниот предмет „Јазик и култура на Ромите“ за учениците од 6-то одделение, што претставува значаен исчекор во унапредувањето на образованието на ромската заедница.

Оваа новина следува по измените во Законот за учебници во основното и средното образование, со кои се овозможи проширување на наставните материјали и за повисоките одделенија. Досега учениците од ромската заедница имаа учебници за овој предмет само од 3-то до 5-то одделение, а со новиот учебник, автор Даниел Петровски, се создава континуитет во изучувањето на сопствениот јазик и култура. Во моментов е во тек е подготовка на учебник и за 7-мо одделение.

— реклама —

Паралелно, МОН донесе Правилник за формирање на групи со помалку од 15 ученици од исто одделение, со цел и помалите групи да имаат можност за изучување на јазикот и културата на заедницата, согласно член 53 став (9) од Законот за основното образование. Во моментов изборниот предмет „Јазик и култура на Ромите“ го следат над 2.300 ученици во 13 основни училишта во 7 општини низ државата.

Министерството за образование и наука го честита 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, и истакнува дека ќе продолжи со имплементација на политики кои овозможуваат образовна еднаквост, зачувување на културниот идентитет и подобрување на пристапот до квалитетно образование за учениците од ромската заедница.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryauap9k9q2pjo5eIDlfN

МОН: Се проширува капацитетот на ОУ „Крум Тошев“ во Гази Баба

Скопје | пред 14 часа

— реклама —
media-libraryco1jt0d8b41h7AcRePm

По повод 21 Април – Светскиот ден на креативноста и иновациите, во Скопје се одржува креативен настан за ученици „Од предизвик до иновација“

Македонија | пред 1 ден

menza-studentski-dom-1

Рокот за субвенциониран студентски оброк истекува на 5 март

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj0me57nr0uu00uTeiFL

Јаневска: Новиот закон не дискриминира, туку воведува меритократија

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања