Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„Мораме да го земеме Рафа“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
izrael-1

Поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет во изјава за Си-Ен-Ен повтори дека воената операција на неговата земја во Рафа е неопходна за да се елиминира палестинската екстремистичка организација Хамас.

„Речиси секој Израелец разбира дека треба да го земеме Рафах ако сакаме Хамас да си оди. Ако не ги уништиме целосно, тие целосно ќе се обноват“, рече Бенет.

— реклама —

Тој верува дека околу милион цивили кои побегнале од конфликтот во другите делови на Појасот Газа во тој најјужен град во малата енклава, можат да бидат преместени во областа северно од Кан Јунис.

„Видете, тоа не е хотел со пет ѕвезди. Таму не е удобно. Овде ништо не е она што сакавме да го направиме“, рече Бенет.

— реклама —

На новинарско прашање дали Белата куќа се обидува да го смени премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху, поранешниот премиер на Израел одговори дека тоа е демократска земја и не е тајна дека има големи протести поради политичката ситуација.

„Но, во исто време, огромното мнозинство Израелци ја поддржуваат целта за уништување на Хамас, бидејќи навистина немаме друг избор“, рече Бенет.

Тој на платформата Х објави дека продолжува да дава интервјуа за странски медиуми откако во средата зборуваше за Фокс њуз.

Израелската војска соопшти во средата пред очекуваната офанзива во Рафах дека планира да насочи голем дел од 1,4 милиони раселени Палестинци во Рафа на „хуманитарните острови“ во централниот дел на земјата, објави Асошиејтед прес.

Судбината на Палестинците во Рафах ги загрижува израелските сојузници. Хуманитарните организации предупредуваат дека офанзивата во Рафа ќе биде катастрофа.

Израел тврди дека тоа е потребно за да се постигне целта да се елиминира Хамас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

liban

Израел ликвидира две лица во Либан и покрај прекинот на огнот

Свет | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryjnv0ee90ju848iMOaZx

Израел воведува смртна казна за Палестинци кои сториле смртоносни напади, Европа најавува можни санкции

Свет | пред 21 час

media-librarygutech5lf6iicgoIt6C

Израелскиот министер за одбрана се закани: „Шефот на Хезболах ќе плати со живот“

Свет | пред 1 ден

media-librarycak8udcnlp4o9DsKbLB

Признаа: Израел го вовлече САД во војна со Иран

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања