Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Најголемата европска нуклеарка во критична состојба, Зеленски вели дека има апсолутна закана за сите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-library54ga6e29pir3diXi9yC

Најголемата европска нуклеарна електрана, Запорожје во Украина, веќе седми ден е без надворешно електрично напојување, што украинскиот претседател Володимир Зеленски го оцени како закана со катастрофални размери.

— реклама —

„Нуклеарната електрана Запорожје е во вонредна состојба. Ситуацијата е критична. Поради руско гранатирање, електраната е исклучена од системот и функционира само преку дизел генератори. Но тие не се предвидени за ваков начин работа и никогаш досега не функционирале толку долго. Веќе имаме информации дека еден генератор откажал. Ова е закана апсолутно за сите,“ порача Зеленски во синоќешното видео-обраќање.

— реклама —
— реклама —

Тој нагласи дека Русија со постојаното гранатирање го спречува поправањето на далноводите и обновата на основната безбедност.

„Ниту еден друг терорист во светот досега не се осмелил да направи на една нуклеарна електрана тоа што Русија го прави сега. И исправно е светот да не остане нем на ова,“ додаде тој.

Зеленски денес разговарал и со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, при што ја нагласил важноста од меѓународна реакција:

„Електраната се соочува со најдолгиот прекин на работа – седми ден без струја. Важно е светот да ги разбере можните последици и очекуваме соодветен одговор,“ рече украинскиот претседател.

Сериозноста на состојбата ја потврди и шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси. Тој изјави дека електраната во југоисточна Украина, која е под руска контрола уште од првите недели од војната, е без надворешно напојување речиси една недела.

И Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за гранатирањата кои ја доведуваат во прашање нуклеарната безбедност. Гроси објави дека во Варшава имал средба со украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибига, при што се дискутирало за можноста да се овозможи обновување на снабдувањето со електрична енергија.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски најави нова ера: Украина потпиша 10-годишни воени договори со заливските држави

Свет | пред 15 часа

ukraina-kiev-1

Смртоносни напади меѓу Русија и Украина: загинати цивили од двете страни

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски: Нема услови за трипартитен состанок со САД и Русија

Свет | пред 2 дена

media-libraryj56fg38ofer7dCxtOxW

Девојката од Украина која барала помош пред маркети во Скопје, ги одбила сите видови понудена помош, објави украинското здружение во земјава

Скопје | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања