Најмалку 60 мртви фоки се откриени на брегот на Беринговото и Чукотското Море во Северозападна Алјаска. Научниците се обидуваат да откријат што е причината за нивната смрт, соопшти Националната управа за океани и атмосфера.
Угинатите брадести, пегави и прстенести фоки се пронајдени во областа од јужниот дел на Беринговото Море до брегот на Чукотското Море над Арктичкиот Круг, се наведува во соопштението.