Експертите предупредуваат дека промените се веќе видливи во многу делови од земјата и предвидуваат нивно интензивирање, Канада се загрева двапати побрзо од остатокот од светот, покажуваат новите резултати од научниот извештај за климатските промени.
Според извештај на канадската влада за климата предупредува и дека промените се веќе очигледни во многу делови на земјата и воедно се предвидува нивно интензивирање. Најголемо загревање има на канадскиот Арктик кој ќе продолжи да се загрева повеќе од двапати побрзо од светскиот просек.
Во извештајот се навестува и дека многу од видените ефекти се најверојатно неповратни.
Се проценува дека просечната температура во Канада годишно се зголемила за 1,7 степени Целзиусови од 1948 година, кога прв пат е измерена и забележана температурата низ земјата.