Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најсилниот удар врз Путин досега? Трамп најавува оружје, санкции и историски пресврт во поддршката за Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
ukraina-kiev-2

Русија планира засилена офанзива во Украина во наредните 60 дена – информација што Владимир Путин лично му ја соопштил на Доналд Трамп во нивниот последен разговор, според доверливи извори на американскиот портал Axios. Рускиот лидер наводно најавил дека ќе се обиде да ги освои териториите до административните граници на украинските региони во кои Москва веќе има контрола.

— реклама —

Трамп, иако до неодамна одбиваше да ја поддржи Украина, сега најави пресврт: испорака на „многу софистицирано“ оружје, вклучително и системи за противвоздушна одбрана Patriot, како и можни санкции што би ја погодиле Русија посилно од било кога досега.

— реклама —

Во приватен разговор со францускиот претседател Макрон, Трамп признал: „Путин сака сè.“ Тоа, велат според неименувани извори, е причината поради која Трамп одеднаш го менува ставот и поддржува Киев.

— реклама —

Американскиот Сенат се подготвува да усвои закон за санкции против Русија, заеднички предлог на републиканецот Линдзи Греем и демократот Ричард Блументал. Законот предвидува до 500% царини за земји што купуваат руска нафта, гас, деривати или ураниум – што директно ги таргетира Кина, Индија и Бразил.

Трамп пак вели дека размислува за „само“ 100% царини – но дека и тие би биле „доволни за удар“. Пакетот му дава на американскиот претседател широки овластувања за економски притисок врз секоја земја што индиректно го финансира Путиновиот воен поход.

Трамп неодамна изјави дека е „многу разочаран“ по телефонскиот разговор со Путин од 3 јули, каде немало никаков напредок за прекин на огнот.

„Имавме долг разговор, зборувавме и за Иран и за војната. Не мислам дека сака да застане – и тоа е лошо“, изјави Трамп.

И покрај краткотрајниот прекин на американската помош – која вклучуваше пресретнувачки ракети PAC-3, гранати од 155 мм, GMLRS ракети и друго – Москва не успева да пробие.

Бившиот командант на украинската армија Валериј Залујни објаснува зошто Русите не напредуваат: боиштето станало „целосно транспарентно“. Благодарение на дроновите, секое движење е смртоносно ризично, а цели до 20 километри од фронтот можат да бидат елиминирани во секунда.

Цената на дроновите е толку ниска што се користат и за гаѓање поединечни војници – а тоа ја става индустриската способност на двете земји во центарот на конфликтот.

Украина се обидува да ги засили ударите врз руските рафинерии и фабрики – обид да се намали способноста на Москва за производство и одбрана.

Во Москва реагираат со бес. Медиумите како РИА Новости пренесуваат ставови на Кремљ дека „стратегијата за уништување на западното оружје и физичка денацификација на Украина функционира“ и дека „Русија никогаш нема да се откаже од своите цели“. Пораката: Западот не може да не скрши – но сме подготвени за преговори.

Иако Русија има предност со војската, без дроновска супериорност не може да направи пресуден пробив. Украина, со доволен број дронови и оператори, би можела да ја задржи фронт линијата дури и со помалку војска – но за тоа е потребна поддршка од САД и Западна Европа.

Дали Трамп навистина ќе го сруши Путин со санкции и оружје? Или е ова само уште една изборна тактика? Војната влегува во нова, поопасна фаза – но и со нова меѓународна динамика.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarye2o9aatduh3s3vjBW0s

Бугарија влегува во воената индустрија на Украина со 10-годишен договор: ќе произведуваат дронови

Свет | пред 9 часа

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски најави нова ера: Украина потпиша 10-годишни воени договори со заливските држави

Свет | пред 1 ден

ukraina-kiev-1

Смртоносни напади меѓу Русија и Украина: загинати цивили од двете страни

Свет | пред 3 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски: Нема услови за трипартитен состанок со САД и Русија

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања