Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Нашиот модел гради, обединува и носи резултати – на 2 ноември заокружете број 9, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarypr5q3897ehvm2VGRnEg

ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните на претстојниот втор круг од локалните избори, закажан за 2 ноември, да гласаат за број 9, со порака дека нивниот модел на управување „гради, обединува и носи резултати“.

— реклама —

Во соопштението од партијата се наведува дека во изминатите четири години, градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ докажале дека може да се управува транспарентно, отчетно и во интерес на граѓаните.

— реклама —

„Нашите градоначалници работеа со интегритет и визија. Во многу општини го надминаа ветеното и испорачаа повеќе од она што беше зацртано во нивните програми. Резултатите се видливи, а граѓаните тоа го потврдија уште во првиот изборен круг“, се наведува во соопштението.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека владата предводена од нивната партија извршила суштинска промена во односите меѓу централната власт и локалната самоуправа, овозможувајќи реализација на бројни капитални проекти и инвестиции.

„Преку поддршката што Владата им ја овозможува на општините се гради инфраструктура, се обновуваат училишта, се модернизира јавниот транспорт, се решаваат проблеми со водоснабдување и отпад. Тоа се реални промени што го подобруваат секојдневието на граѓаните“, наведуваат од партијата.

Тие додаваат дека ваквиот модел на работа не подразбира само финансиска помош, туку и постојан дијалог, соработка и координација со градоначалниците во решавањето на локалните предизвици.

Во завршницата од обраќањето, партијата ги повика жителите на повеќе општини — меѓу кои Аеродром, Карпош, Кочани, Виница, Кичево, Пробиштип, Неготино, Валандово, Крушево, Македонски Брод, Чучер Сандево, Шуто Оризари и Градот Скопје — да излезат на гласање и да го „потврдат правецот на развој“.

„На 2 ноември граѓаните имаат можност да изберат напредок и сигурна иднина. Да го поддржат моделот кој гради и носи резултати. Да заокружат број 9 — за својот човек, своето место и својата иднина“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 10 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 15 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 15 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања