Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„Нема да дозволиме не пазарно однесување на ланците на маркети“, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
market-3

 Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на проценките за инфлацијата која е 4,9% и за тоа дали се потребни поголеми мерки, бидејќи потрошувачката кошничка во еден месец не може да се наполни ни со две минимални плати, изјави:

 „Ако мислите на потрошувачката кошница којашто ја имаат синдикатите, односно Сојузот на синдикати, самите автори на истата рекоа дека таа е просечна, не минимална.“

— реклама —

 Во однос на општите трошоци со оглед на тоа што секојдневно цените во маркетите се високи и дали треба да се направи уште нешто по тоа прашање, премиерот Мицкоски рече:

 „Апсолутно се согласувам со вас дека цените се високи и дека она коешто ние како Влада го правиме, а го имаме на располагање, е да имаме следни микро таргетирани мерки. Но, ја следиме, ќе повторам, состојбата и ќе носиме мерки во зависност од тоа како ќе се развива ситуацијата. Затоа што, сепак треба да имаме предвид дека оваа година враќаме две и пол милијарди евра стари долгови. Дека оваа година враќаме солидарен данок, којшто веќе почнавме да го враќаме. Дека исплаќаме Колективни договори и така натаму и така натаму. И нѐ задесија две војни, таа во Украина и таа во Заливот. Многу предизвици, но тоа е што е. Не кукаме, не очајуваме. Заедно сме со граѓаните и нема да дозволиме не пазарно однесување на ланците на маркети.  И тоа внимателно го следиме со вонредни инспекциски контроли од страна на Државниот пазарен инспекторат.“

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0jmnac6eokjjcwnoy3Q

(Видео) Мицкоски од Виена: Дијаспората да се врати и да инвестира во Македонија

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-library4mdjpgf2t7fd7Y4VFb7

Мицкоски на средба со Витакер: Соработката со САД е клучна за регионална стабилност

Македонија | пред 2 дена

media-library40kgnmoh9tu61CCTpUc

Мицкоски: Дел од професорите не работат доволно, а очекуваат високи плати

Македонија | пред 5 дена

media-librarya0ff3t60g1f2bIcZ0qJ

Мицкоски: Шест квартали по ред имаме раст на БДП од 3,5%, во услови кога растот во ЕУ е под 1%

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања