Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека досега нема добиено известување преку европскиот Систем за брзо предупредување за небезбедни производи дека на домашниот пазар е присутна небезбедна храна за бебиња од брендот HiPP, која во моментов се повлекува и е предмет на истрага во Австрија и во други европски земји.
Станува збор за производ во стаклена тегличка од 190 грама, со вкус на морков и компир. Од Агенцијата посочуваат дека состојбата се следи и дека ќе се реагира навремено доколку се појави потреба.
Воедно, од овластениот дистрибутер на производите на HiPP во земјава е добиено писмено известување дека спорниот производ воопшто не е увезен и не е пласиран на македонскиот пазар.