Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Непрофитна организација: Терористите го користат X-от на Маск за пропаганда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
Screenshot-2025-02-10-at-08.55.43

Koj плаќа за сината ознака на платформата X (порано Твитер) denes? Според нов извештај од непрофитната организација „Проект за транспарентност на технологијата“ (TTP), одговорот е: многу терористи.

— реклама —

Истрагата на TTP откри дека повеќе од 200 корисници на X, вклучувајќи лица поврзани со Ал-Каеда, Хезболах, Хамас, бунтовниците Хути и разни милиции од Сирија и Ирак, сите од кои се означени како странски терористички организации (FTO) од страна на американската влада, плаќаат претплатнички такси за премиум услуги на платформата предводена од Елон Маск.

— реклама —

Едноставно кажано, Маск работи со луѓе поврзани со терористички групи, што уште еднаш открива сериозни недостатоци во политиката за модерирање на содржината на X.

— реклама —

Претплатите им обезбедуваат на терористичките корисници сина ознака за верификација, што им дава на нивните сметки изглед на легитимитет, но и пристап до моќни алатки: можност за монетизација на содржината, објавување подолги објави и видеа и зголемување на досегот на објавите.

„Покрај тоа што сакаат престиж на сината ознака, нивните претплати се користат за ширење долги пропагандни пораки и видеа“, изјави Кејти Пол, директорка на TTP, за „Њујорк тајмс“. „Користењето на премиум услуги значително го олеснува дистрибуирањето и монетизацијата на пропагандата, како и промоцијата на кампањи за собирање средства.“

Според правилата на X, корисниците не смеат да купуваат премиум услуги ако се поврзани со организации кои се предмет на економски санкции од САД, вклучувајќи ги и оние што ги надгледува Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД.

Ни X ниту Министерството за финансии не одговорија на барањата од NYT.

Иако X тврди дека спроведува ревизии на сметки за да ја потврди подобноста, бидејќи Маск ја направи ознаката достапна за секој што плаќа, тој систем повеќе не функционира.

Минатата година, слична истрага од страна на TTP откри повеќе од дваесетина корисници поврзани со тероризам кои имале сини ознаки. Некои беа суспендирани или нивните ознаки беа отстранети по објавувањето на извештајот, но неколкумина оттогаш повторно добија пристап до премиум опции, истакнува The New York Times.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ilon-mask

Француско обвинителство: Маск поттикнувал експлицитни дигитални манипулации за да ја зголеми вредноста на Икс

Свет | пред 1 седмица

media-libraryv4b398aa12ee6dY5YN0

Документ од 2015 година: Епстин открива вечера со Маск, Тил и Цукерберг

Свет | пред 1 месец

Mask1

Историско спојување: SpaceX и xAI стануваат највредната приватна компанија во светот

Магазин | пред 1 месец

Mask1

Маск: Мерките за спречување на неовластената руска употреба на Старлинк даваат резултати

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања