Српскиот актер Никола Којо заврши во болница во Загреб, откако во тек на снимање на филм се лизнал и паднал на трупец. При снимањето на кадри со трчање низ шума, Никола Којо се лизнал и со лицето удрил во пресечен трупец. Веднаш бил превезен во болница, каде што му е направена снимка на главата.
Којо изјавил дека се чувствува добро.