Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Николовска: Власта спротивно на закон прими 130 слушатели на Академијата за судии и јавни обвинители пред избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Ruzica-Nikolovska-21.03.2024

,,Сакам да ја известам јавноста дека политичката партија ВМРО-ДПМНЕ поднесе пријава односно приговор до државната комисија за спречување на корупција заради прекршување на Изборниот законик, а сторени од страна на Академијата за судии и јавни обвинители.

— реклама —

Имено согласно член 8а од Изборниот законик како и согласно одредбите од законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси предвидено е дека од денот на донесување на одлука за распишување на претседателски и парламентарни избори не може да се спроведуваат постапки за нови вработувања ниту да се даваат откази на вработени во јавните и државните институции, а доколку има почнато такви постапки се ставаат во мирување.

— реклама —

Сите сме сведоци во изминатиов период дека од страна на Академијата за судии и јавни обвинители беше објавен оглас за прием на нови 130 слушатели на Академијата при што непосредно сега пред некој ден во месец март е донесена временска динамика од страна на академијата за спроведување на приемниот испит.

— реклама —

Зошто е ова важно?

Заради тоа што приемот на слушателите на Академијата за судии и јавни обвинители подразбира дека стекнувањето на статус слушател значи вработување односно засновање на работен однос со Академијата за судии и јавни обвинители со сите права и овластувања како што следуваат од еден работен однос. Сметаме дека тоа ќе влијае на изборниот процес и наместо Академијата да произведува кадри кои што утре ќе ги почитуваат правата и законите, за жал излегува дека Академијата е главниот прекршител на правото во овој момент.

Ова што го поднесовме е пријава односно приговор до Државната комисија за спречување на корупцијата, за што сметаме дека е прв сериозен тест токму за интегритетот на новиот состав на ДКСК. Заради тоа бараме со пријавата истата да се разгледа, да се отвори случај и согласно своите законски ингеренции ДКСК да ги преземе сите потребни законски мерки за спречување на ваквите прекршувања.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги следи овие прекршувања и за истите ќе ги извести секако и меѓународните организации кои што ги следат изборите како што се ОБСЕ и ОДИХР.", изјави Ружица Николовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 12 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 16 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 16 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања