Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Нов Извршен комитет, нови огласи и именувања во ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarygcjh5i2evrit5hoDSGk

Христијан Мицкоски, премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, информира дека вечерва се одржала првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на партијата, на која биле донесени повеќе одлуки во насока на кадровско освежување и внатрепартиска консолидација.

— реклама —

Како што соопшти Мицкоски, Извршниот комитет одлучил да се распишат огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени и Унијата на ветерани, како и да се спроведе генерален избор на претседатели на сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Одлуката, според него, е дел од процесот на отворање на партијата и слушање на гласот на членството.

— реклама —

На седницата биле донесени и кадровски решенија за повеќе партиски комисии. За претседател на Комисијата за здравство е избран Сашо Клековски, за претседател на Кадровата комисија Благоја Ташаминов, за Комисијата за безбедност и одбрана Панче Тошковски, додека за претседател на Комисијата за туризам е именуван Аккан Махмут.

— реклама —

Во рамки на истата седница, Извршниот комитет донел одлука за избор на Златко Перински за претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

Мицкоски порача дека промените се резултат на заложбата партијата да се развива, да се обновува и да гради структури кои ќе одговорат на очекувањата на членството и граѓаните, нагласувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со процесот на внатрешно јакнење како предуслов за, како што рече, „вистински избор за заедничка иднина“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 10 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 15 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 15 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања