Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„Или ќе излеземе сите, или ќе не снема еден по еден“: „Стоп за Усје“ повторно на протест

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
46521701_915943555271155_3005162628164091904_n

Од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, најавија дека денес во 18 часот, повторно излегуваат на улица затоа што, како што велат, воздухот што го дишеме е секој ден се поопасен за животот.

Ќе ги блокираат раскрсницата на булеварот „Борис Трајковски“ и булеварот „Србија“ (правец кон Усје).

— реклама —

Оваа блокада, велат, произлегува од итното барање на граѓаните- Здравјето пред профитот.

,,Или ќе излеземе сите – или ќе не снема еден по еден ! Излези, затоа што Воздухот нема да се исчисти сам!“, е пораката упатена до скопјани.

— реклама —

„Усје“ сè уште одбива да се постават мерни станици кои ние граѓаните ќе ги следиме нон-стоп 24/7. Сè дотогаш нема да им веруваме на сите што тврдат дека Усје не загадува.Бидејќи институциите не реагираат – ние граѓаните ќе мора повторно да го кренеме својот глас на блокадата”, велат од иницијативата и бараат мерната станица кај „Усје“ постојано да врши мерење и јавно прикажување на резултатите, а дополнително и да биде интегрирана во апликациите за мерење на квалитетот на воздухот.

Од иницијативата велат дека нивните барања биле испратени до повеќе институции на 29 декември, но одговор сè уште нема.

„Ова веќе не е институционален пропуст, ова е свесно игнорирање на јавното здравје и човековите права. Кога институциите молчат, граѓаните зборуваат. Кога нема одговори, има блокади. Затоа што немаме луксуз да чекаме додека се разболуваме и умираме! Ова е последно предупредување. Здравјето не е предмет за игнорирање. Воздухот не е привилегија. Молкот нема да помине“, стои во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7acc8rk43medfg3yDOl

Синдикатот на културните работници протестира: Колективниот договор не се почитува

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
zatvor

Синдикатот на затворската полиција најави протест в среда, ако нема социјален дијалог со Управа за извршување на санкции

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryv6a3pt44u66i5NAg5Lp

Денес протестен марш во Скопје за полагање правосуден испит на албански јазик

Скопје | пред 2 седмици

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-05-6070PM

Протест на ССМ во Скопје, сообраќајот во центарот ќе биде целосно пренасочен

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања