Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Новата сила“ на СДС е старото раководство на Заев, oва е најлошиот состав во историјата на партијата, вели Манасиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library5rju4un1ggs518nE3sj

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, остро го критикуваше новото раководство на СДС, оценувајќи дека партијата продолжува да тоне и дека наместо најавувано освежување, се враќаат истите кадри од времето на Зоран Заев.

— реклама —

Според Манасиевски, концептот „Нова сила“ што го промовира СДС е само привид, бидејќи, како што рече, станува збор за „стари и истрошени лица“, директно поврзани со поранешното раководство на партијата.

— реклама —

– СДС вчеравечер ја потврди нашата констатација дека продолжуваат да тонат. Наместо нов и свеж кадар, Филипче ги врати старите лица на Зоран Заев. На следните избори 100.000 гласови им се плафон – изјави Манасиевски.

— реклама —

Тој наведе дека во новото раководство на СДС се вклучени лица со, како што тврди, контроверзни биографии и минато поврзано со скандали и кривични пријави, меѓу кои поранешни директори, функционери и партиски кадри од претходните влади на СДС.

Манасиевски ги спомена имињата на Рената Младеновска, Драган Крајовски, Дејан Николовски, Андреј Жерновски, Агрон Демири, Љупчо Фармаковски и Јованка Тренчевска, за кои рече дека се „стар кадар“, дел од системот воспоставен од Зоран Заев, а сега повторно промовиран од Венко Филипче.

Посебно ја критикуваше улогата на Јованка Тренчевска, посочувајќи дека токму таа во минатото јавно повикувала на нови и неизвалкани лица во СДС, а сега, како што рече, се претставува како дел од освежувањето на партијата.

– Сè што треба да знаете за СДС е дека новиот кадар на Венко за претседавач на Централниот одбор е Герасим Лазов. Ова е убедливо најлошиот состав на СДС досега – истакна Манасиевски.

На крајот, тој оцени дека, според ВМРО-ДПМНЕ, „приватизацијата на СДС е завршена“, а партијата се движи кон, како што рече, „тежок политички стечај“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 17 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 22 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 22 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања