Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Нови блокади на граничните премини: ЕУ ги одби барањата на превозниците од Западен Балкан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryous637tr24fl2NvzuEe

Европска Унија ги отфрли сите предлози доставени од транспортните здруженија од земјите од Западен Балкан во обид да се најде решение за проблемот со престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната. Од Брисел порачале дека нема можност за отстапување од правилото „90/180“, според кое државјаните на земји што не се членки на Унијата можат да престојуваат најмногу 90 дена во период од 180 дена.

Претседателот на деловното здружение „Меѓународен транспорт“, Неѓо Мандиќ, изјавил дека последната средба со претставниците на европските институции била „катастрофална“, бидејќи ниту еден од предлозите на превозниците не бил прифатен.

— реклама —

„Не прифатија ништо што предложивме, само рекоа – вклопете се во правилото 90/180, поинаку не може“, изјавил Мандиќ за Танјуг.

Транспортните здруженија бараа воведување посебни визи или модел со кој времето поминато во транзит и на пат не би се третирало како класичен престој во Шенген-зоната. Сепак, одговорот од европските институции бил дека таквите предлози се „невозможни, премногу креативни и спротивни на шенгенското законодавство“. Како алтернатива, било предложено возачите да пријават престој во некоја од поблиските земји-членки на ЕУ, што за превозниците било неприфатливо, пренесува Вијести.

— реклама —

Превозниците веќе донеле одлука за повторна блокада на товарните гранични премини, но точниот датум сè уште не е утврден. Според Мандиќ, неопходна е координација со здруженијата од другите земји од регионот, по што ќе биде соопштен и терминот за новите блокади.

„Одлуката е донесена, но мора да се усогласиме со колегите од другите земји од Западен Балкан и да ги договориме сите детали. Дури потоа ќе биде познат точниот датум“, изјавил тој.

Протестите на транспортерите започнаа на 26 јануари 2026 година, со барање професионалните возачи да не се третираат како туристи, туку да добијат посебен статус поради природата на нивната работа. Блокадите беа прекинати на 29 јануари по најавата дека Европската комисија ќе ги разгледа можните корективни мерки. Откако беше објавен официјалниот став дека нема да има измени на правилата, меѓу превозниците повторно се засили незадоволството.

Транспортниот сектор предупредува дека без системско решение, дел од компаниите од регионот би можеле да се соочат со сериозни финансиски последици, бидејќи професионалните возачи брзо го достигнуваат лимитот од 90 дена престој и по неговото исцрпување се изложени на ризик од забрана за влез во ЕУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryccg0aktmt8nba7bE950

Шпанија, Словенија и Ирска бараат преиспитување на односите ЕУ–Израел

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryssrcquqp4hg87L3h35Z

Европа губи 53 милиони жители до 2100 година: алармантна прогноза на Евростат

Свет | пред 6 дена

media-library6bi22uv8gvv63tlvg2S

По победата на Маѓар, Унгарија би можела да добие милијарди евра од ЕУ

Свет | пред 1 седмица

media-librarye4qv4hk7n5ck3xF03iH

Прва реакција од Русија: Поразот на Орбан ќе го забрза распадот на ЕУ

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања