Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Нови израелски напади во Газа: над 90 загинати, меѓу нив и деца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
gaza44

Повеќе од 90 Палестинци, меѓу кои најмалку 35 деца, загинаа во израелските напади на Појасот Газа во изминатите 24 часа, иако на сила е спогодба за прекин на огнот, јавуваат палестински медицински извори, пренесува агенцијата Anadolu.

Според извештаите, израелската армија убила 31 лице на северот, 42 во централниот дел и 18 на југот на Газа, додека десетици цивили се ранети. Агенцијата Wafa јавува дека меѓу погодените се куќи, шатори што служеле како засолништа за раселените, како и болница во рамките на т.н. „жолта линија“ – зона до која израелските сили се повлекле според спогодбата за примирје.

— реклама —

На северот, во Беит Лахија, израелските сили погодиле училиште претворено во засолниште, при што загинале три лица, а неколкумина се ранети. Во избегличкиот камп Шати, гранатирани биле две куќи во населбата Ал-Наср, при што загинале осум лица.

Во средата наутро израелски проектил погодил џамија во населбата Сабра, каде се засолнувале раселени лица. Според сведоци, таму загинале најмалку две лица, а десетина се ранети. Во населбата Зајтун, мајка и дете загинале во друг воздушен напад.

— реклама —

Во централниот дел на Газа, четири лица биле убиени откако израелски напад погодил шатор во Деир ал-Балах, додека шестмина загинале во бомбардирање на училиште и куќа во кампот Бурејџ.

Во кампот Нусејрат петмина биле убиени при напад на повеќе домови, а во друг напад во истиот камп загинале девет лица, меѓу кои четири деца.

На југот на Газа, во областа Ал-Маваси кај Кан Јунис, израелски напад погодил шатори во кои биле сместени раселени семејства, при што загинале осум лица, меѓу нив тројца деца.

Палестинските здравствени служби предупредуваат дека бројот на жртви може дополнително да расте, бидејќи многу ранети се во критична состојба, а потрагата по исчезнатите под урнатините сè уште трае.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

gaza-glad

Напад врз бегалски камп во Газа: повеќе загинати и повредени

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
gaza44

Најмалку шестмина загинати во напад во Газа

Свет | пред 1 седмица

izrael-napadnat

Ескалација во Газа, девет загинати: Израел соопшти дека нападите се одговор на кршење на примирјето

Свет | пред 2 месеци

media-library74fi481gt6i71Q1oAw4

Тешки израелски напади врз Газа, загинати најмалку 32 лица

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања