Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Нови специјализации и вработувања во педијатријата за намалување на дефицитот во здравствениот систем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryr2dejvj2r9031UKh8Mi

Министерот за здравство Азир Алиу говореше на отворањето на четвртата балканска школа на педијатрите, нагласувајќи ја нејзината улога како платформа за знаење, соработка и професионален развој. Тој истакна дека Министерството вложува во подобри услови во педијатриските оддели, нова опрема и јакнење кадар. Одобрени се 17 педијатриски специјализации, а вработени 15 приватни специјализанти за намалување на дефицитот.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерот за здравство, Азир Алиу се обрати на отворањето на четвртата балканска школа на педијатрите – настан кој претставува вистинска платформа за знаење, соработка и професионален развој.

„Педијатријата, како една од најхуманите и најодговорни гранки на медицината, има клучна улога во градењето здрави генерации. Грижата за најмладите не е само медицинска обврска, туку и општествена одговорност од највисок приоритет. Токму затоа, Министерството за здравство континуирано вложува напори во унапредување на педијатриската здравствена заштита. Во таа насока, фокусирани сме на унапредување на условите во педијатриските оддели, модернизација преку набавка на нова медицинска опрема, како и јакнење на човечките ресурси. Свесни сме дека без стручен и мотивиран кадар, нема одржлив здравствен систем. Како дел од овие заложби, преку програмата за специјализации и супспецијализации, во изминатиот период преземаме конкретни чекори за надополнување на кадарот. Изминатата година се одобрени 17 специјализации по педијатрија за јавните здравствени установи, а дополнително се преземени и вработени 15 приватни специјализанти, од кои дел се ангажирани на Универзитетската клиника за педијатрија. Со тоа директно придонесуваме кон намалување на дефицитот и зајакнување на системот“, истакна министерот Алиу во обраќањето.

— реклама —

Тој посочи дека оваа школа е од исклучително значење бидејќи овозможува размена на искуства и знаења меѓу домашни и меѓународни експерти, а присуството на еминентни предавачи од земјава и од светски рамки дава дополнителна вредност и потврдува дека сме дел од современите текови во медицината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-06-22-at-11.17.02

Граѓаните ќе можат да се изјаснат за донорство кај матичен лекар: Измени во законот за трансплантација

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarylisdff076568ftOapKq

Контрацепцијата и никотин-заменската терапија во новата листа на есенцијални лекови

Македонија | пред 3 седмици

sestra

Министерство за здравство ќе проверува колку државните лекари работеле во приватни установи

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryd7qenjqb96e78V5Og1M

Алиу ќе воведува систем со фингерпринт за следење на работното време на здравствените работници

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања