Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

NUMB – Tribute to Pink Floyd на плажа Куба Либре – Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин
NUMB-Cuba-Libre-1024x576

Музиката се врати во градот!

— реклама —

Во пресрет на шпицот на летната сезона, подгответе се за интимно музичко задоволство и вистинско уживање за сите сладокусци.

— реклама —

Повторно е време за најголемите хитови на култната англиска четворка, во рамките на проектот NUMB – Tribute to Pink Floyd, настанот кој го одбележа минатото лето во Охрид.

— реклама —

По „Долни сарај“, локацијата е плажата „Cuba Libre“, во четврток, на 18-ти јули 2019 година, со почеток по 21:00 часот.

Ноќ посветена на еден од најголемите и највлијателните рок бендови воопшто во музичката историја, легендарните Pink Floyd. Ќе уживаме сите заедно во 16 безвременски хитови на Pink Floyd, пропратени со спектакуларно видео и лајт шоу.

Зад проектот стои екипа од 11 музичари од Охрид и Струга: Димитри Алчев (гитара и вокал), Анатоли Арнаудоски (гитара), Ѓорѓи Калајџиевски (тапани), Владомир Кречоски (бас гитара), Никола Јосифоски (сајзери), Ангелко Јовчески (перкусии), Горан Папазоски (саксофон), Ѓоко Танески (вокал) и Ана Костадиновска, Сара Николовска и Весна Илиќ Павловска како пратечки вокали. Ќе се изведат некои од највредните дела на култните Pink Floyd како „Shine on your crazy diamond“, „Learning to fly“, „Hey you“, „Another brick in the wall“ и уште 12 од најголемите хитови, кои го одбележаа музичкиот карактер и насока на една цела генерација.

Pink Floyd е една од највлијателните и најуспешни рок-групи на сите времиња. Со својата квалитетна мелодика и извонредна хармонија си обезбеди почесно место во историјата на рокот, и е на самиот врв на светската музика. Ако за некоја музичка група може да се каже дека ги премостила психоделичниот рок од 60-тите години на 20 век и електронските рок-експерименти од 70-тите години, сигурно, тоа се секако култните Pink Floyd.

18-ти јули, плажа Куба Либре – Охрид

Сосема интимно музичко задоволство – NUMB – Tribute to Pink Floyd

Музиката се врати дома!

NUMB – Tribute to Pink Floyd во Охрид

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања