Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Обилен дожд, засилен северен ветер и снег на планините – Македонија под влијание на циклон и студен бран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarypj8vof6m0nf74deLWAY
Скопје1.мк

Македонија денес, петок (28 ноември), се наоѓа под силно влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, проследена со доток на постуден воздух од север.

— реклама —

Таквата синоптичка состојба повторно ќе донесе обилни врнежи од дожд, особено во источниот дел од земјата, каде локално може да наврнат над 40 литри дожд за 24 часа.

— реклама —

Повеќето региони ќе имаат дожд со умерен интензитет, а ќе дува и слаб до умерен, повремено засилен северен ветер. На планинските места над 1300–1400 метри врнежите ќе преминуваат во снег, со формирање нова снежна покривка.

— реклама —

И во Скопје и околината денот ќе помине под дождливи облаци, а на околните планини врнежите ќе се претворат во снег. Северниот ветер периодично ќе се засилува.

Поради најавените врнежи, расте опасноста од ново зголемување на водостоите на реките и езерата, како и од појава на нови локални поплави. Се апелира особено до возачите да бидат внимателни, да избегнуваат близина на водотеци и внимателно да го планираат движењето.

Температурите денес ќе се движат од 3 до 10 Целзиусови степени, додека во Скопје максималната температура ќе достигне околу 6 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Променливо време со пообилни врнежи – снег на планините, најавува УХМР

Македонија | пред 2 дена

popova-shapka-sneg

Студено утро: Попова Шапка под нулата

Македонија | пред 1 седмица

271390768_373459804110139_5169398056754971612_n

Минусни температури наутро, до 19 степени во текот на денот

Македонија | пред 2 седмици

AF5B8913-AAD4-498D-BB10-C77D5E0757F5

Сончево со мала облачност, попладне можен слаб дожд

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања