Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Истрагата за РЕК Битола се проширува преку граница – блокиран имот и во Белград

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
12012023_PVRSM_Poseta_REK-Bitola_1

Основното јавно обвинителство Битола преку Канцеларијата за поврат на имот при Јавното обвинителство на РСМ упати итно барање до надлежните органи во Србија за замрзнување на имот – вкупно 10 товарни и приклучни возила набавени годинава за правно лице со седиште во Белград.

— реклама —

Според обвинителството, српската компанија е сопственички поврзана со лице осомничено за злоупотреби во РЕК Битола, против кое на 9 октомври беше отворена истрага.

— реклама —

Од српските власти било побарано да забранат отуѓување, оптоварување или располагање со возилата за кои постои сомнение дека се набавени како посредна имотна корист од кривичните дела кои се предмет на истрагата.

— реклама —

Дополнително, обвинителството побарало отворање на сеф во српска банка, за кој било утврдено дека го поседува осомничениот, со цел да се провери неговата содржина.

Српското обвинителство ги прифатило барањата и издало наредби за замрзнување на наведениот имот.

Во исто време, во земјава се замрзнати околу 30 милиони денари на сметките на осомничениот и неговата компанија. По барање на обвинителството, е изречена и забрана за располагање со дополнителен имот – три стана во Скопје, парцела градежно неизградено земјиште и гаража стекнати во 2024 година, како и три товарни и едно патничко возило набавени во 2025 година.

Станува збор за имот за кој постои сомнение дека претставува принос од казниво дело, односно може да биде предмет на идна конфискација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

elemnema-defekt-vo-rek-bitola-222887

АД ЕСМ со детали за труењето со храна: Конзумирале и други вработени кои се без симптоми

Македонија | пред 4 дена

media-librarym3s0ituuib4s3eKHPId

СДСМ Битола до РЕК Битола: Дали бројката од наводните „5–6“ случаи веќе прерасна во трицифрена?

Македонија | пред 4 дена

rek-bitola-1

Ако се потврди труење во РЕК Битола синдикатот ќе бара одговорност

Македонија | пред 4 дена

elemnema-defekt-vo-rek-bitola-222887

Над 80 лица затруени од лазањи во РЕК Битола

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања