Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Од денеска нов јавен портал со листа на закажани хируршки интервенции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library8g2m8nfc4hf28BWnv7p

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска на прес конференција го промовираше новиот модул за електронска евиденција за елективни хируршки интервенции во јавните здравствени установи, со кој на јавен портал е достапна листата на закажани елективни хируршки интервенции.

— реклама —

-     Првпат воспоставуваме ред и јасен протокол на транспарентен начин да се води електронска евиденција на закажаните интервенции. Целта е секој пациент да ја добие услугата по принцип „прв дојден, прв услужен“. Порталот овозможува пребарување и приказ на податоци преку повеќе комбинирани параметри за да биде корисен и за граѓаните и за креаторите на политики. Корисниците на јавниот портал можат да пребаруваат по: специјалност на лекар, хируршка интервенција, јавна здравствена установа, лекар специјалист, број на пациенти кои чекаат, посочува министерот Алиу.

— реклама —

Тој наведе и дека во моментот евиденцијата за елективни хируршки интервенции се води во системот Мој термин преку издавање упат со тип „болнички упат за операција“, но утврдени се недоследности, меѓу кои дека упатите не се издаваат веднаш при утврдување на потребата за операција, туку пред самата интервенција, дел од установите и лекарите користат друг тип упат (конзервативен третман) за евиденција на пациенти на листата, а лекарите листите ги водат во хартиена форма, додека листите на чекање не се редовно прочистувани и тоа создава неточна перцепција за времето на чекање и реалните потреби.

— реклама —

-     До јавните здравствени установи кои вршат хируршки интервенции веќе се испратени поединечни известувања со податоци од спроведената анализа. На установите поединечно им е посочено дали и колку се разликува бројот на извршени интервенции, со бројот на реализирани упати за операција во системот Мој термин. Со оваа новина ја унапредуваме транспарентноста, овозможуваме реално мерење на времето на чекање, а со тоа и подобро планирање и распределба на ресурси, како и примена на европските практики во оваа област, заклучи министерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sestra

Министерство за здравство ќе проверува колку државните лекари работеле во приватни установи

Македонија | пред 3 дена

media-libraryd7qenjqb96e78V5Og1M

Алиу ќе воведува систем со фингерпринт за следење на работното време на здравствените работници

Македонија | пред 3 дена

media-libraryr2dejvj2r9031UKh8Mi

Нови специјализации и вработувања во педијатријата за намалување на дефицитот во здравствениот систем

Македонија | пред 3 дена

media-library7v1akv9kqpee2oD6Xzq

Алиу: Насилство врз здравствен работник е кривично дело за кое е предвидена казна затвор

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања