Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Од Драчево до центар за 11 минути: Градски воз ќе јури низ Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Скопје
media-library3q32rcf2m08h6qXxMZB

Орце Ѓорѓиевски најави градски воз што ќе ја поврзува линијата Драчево/Зелениково со центарот на Скопје за околу 11 минути, како побрз и поеколошки јавен превоз. Се рехабилитира пругата Транспортен центар Скопје–Зелениково (околу 25 км) со целосна модернизација: замена на колосек и дрвени прагови со бетонски, подобрување на засторот и машинско подбивање. Проектот е реализиран околу 65% и треба да донесе помал метеж, почист воздух и поголема безбедност. Николоски најави дека првата линија Зелениково–Железничка станица ќе биде градежно завршена до јуни и пуштена во сообраќај на 1 септември, со синхронизација на возните редови со автобусите.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Градоначалникот на Орце Ѓорѓиевски најави значаен чекор кон модернизација на јавниот превоз во Скопје – градски воз што ќе ја поврзува населбата Драчево со центарот на градот за само 11 минути. Проектот, кој веќе е во напредна фаза на реализација, ветува побрз, поефикасен и еколошки транспорт за граѓаните.

„Скопје забрзано чекори кон иднината.

— реклама —

Денес, заедно со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски како и директорот на ЈП „МЖ Инфраструктура“ Синиша Ивановски, извршивме увид во градежните активности на еден од најзначајните инфраструктурни проекти за нашиот град, кој наскоро ќе стане реалност за сите граѓани.

Градскиот воз претставува визија што се претвора во дело.

— реклама —

Со рехабилитација на железничката пруга на делницата Транспортен центар Скопје - Зелениково, во должина од околу 25 километри, се поставуваат темелите на модерен, ефикасен и одржлив јавен транспорт.

Проектот носи директни придобивки за секој граѓанин - побрзо движење, намален сообраќаен метеж и значително почист воздух.

Намалувањето на емисијата на штетни гасови ќе има позитивно влијание врз животната средина, но и врз здравјето на сите нас.

Со подобрување на техничките карактеристики на пругата, се зголемува безбедноста во сообраќајот, се враќа проектираната брзина и се обезбедува стабилност на колосечната конструкција, дури и при зголемено оптоварување.

Се задржува постојната траса, но со внимателни и прецизни корекции, во согласност со највисоките стандарди.

Во рамки на активностите се врши целосна модернизација, како демонтажа на стариот колосек, замена на дотраените дрвени прагови со нови бетонски, подобрување на засторот, како и машинско подбивање и регулирање со современа механизација.

Со степен на реализација од околу 65%, овој проект веќе добива јасни контури на успех.

Како Град Скопје, активно и посветено сме вклучени во реализацијата, со цел да создадеме интегриран транспортен систем.

Преку синхронизација на возниот ред меѓу автобусите и возовите, граѓаните ќе добијат поврзан, ефикасен и непречен превоз низ целиот град.

Голема благодарност до сите кои вложуваат труд и знаење во овој процес, а особено до премиерот Христијан Мицкоски, човекот кој со својата посветеност, одговорност и искрен пристап покажува што значи вистинска грижа за народот.

Доаѓа време на конкретни резултати.

Време кога нема да се прашуваме дали можеме подобро, туку тоа подобро реално ќе го живееме“, вели Ѓорѓиевски

Првата линија од новиот Градски воз во Скопје, која ќе ги поврзува Зелениково и скопската Железничка станица, ќе биде градежно завршена до јуни, а официјално ќе биде пуштена во сообраќај на 1 септември, со почетокот на новата учебна година, најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library79gqcpfliara6H0Ea0E

Меѓународна поддршка за Скопје како Европска престолнина на културата 2028: Ѓорѓиевски домаќин на делегации од Германија, Италија и Словенија

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarys9kiphe3lu00acRP4QO

Ѓорѓиевски во хуманитарна акција: Поделени над 300 оброци за бездомни и социјално загрозени лица

Скопје | пред 1 седмица

media-librarya51ekh2uppkq6Tfx3FD

Ѓорѓиевски заедно со лица со Даунов синдром засади дрвја во ЗОО Скопје како симбол на надеж и еднаквост

Скопје | пред 4 седмици

media-librarybhm22ms1nltreMJHzpT

Ѓорѓиевски: Отворен е шелтер-центарот - сигурност, заштита и нов почеток за жртвите на семејно насилство

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања