ВО ЖИВО

„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Од екстрадацијата на Груевски зависат односите меѓу Македонија и Унгарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sijarto-dimitrov

На вториот ден од работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на маргините од министерскиот состанок, до сега, оствари повеќе билатерални средби и тоа со: алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Џорџ Катругалос, МНР на Унгарија, Петер Сијарто, МНР на Кралството Холандија, Стеф Блок и МНР на Грузија, Давид Залкалиани.

На средбата со својот грчки колега, МНР Димитров разговараше за процесите и правните чекори кои следат во врска со пристапниот протокол за членство во НАТО на Република Македонија. Од двете страни беше истакната цврстата волја за имплементирање на Договорот од Преспа.

— реклама —

За време на билатералната средба со Унгарија, МНР Димитров истакна дека случајот со бегството и добивањето азил на поранешниот премиер Груевски, е предизвик за билатералните односи меѓу Република Македонија и Унгарија, кој го третираме со голема внимателност и во согласност со принципите на владеење на правото кон кои Македонија се стреми, а да се остане посветен на патот кон одржување на односите меѓу двете земји. „Ќе ги искористиме сите правни можности за негово соочување со правдата во Македонија“ – МНР Никола Димитров. МНР Сијарто ја повтори поддршката на Унгарија за европската и евроатлантската интеграција на Република Македонија.

— реклама —

Со холандскиот МНР Стеф Блок, кој честиташе за завршувањето на втората фаза за уставните измени, стана збор за реформите во областа на владеењето на правото. Министерот Димитров посочи дека „нашата цел е да не оставиме никаков сомнеж меѓу земјите членки дека заслужуваме почеток на пристапни преговори со Европската унија.“

— реклама —

Со МНР на Грузија, Давид Залкалиани, се разговараше за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји. Министерот Никола Димитров ќе оствари билатерални средби и со своите хомолози од Романија, Норвешка, Литванија и Турција.

На последниот ден од работната посета на Брисел, во рамките на НАТО, МНР Димитров ќе учествува на министерскиот состанок на Северно-Атлантскиот Совет со земјите контрибутори во мисијата Решителна поддршка во Авганистан. Во рамките на ЕУ, МНР Димитров ќе се сретне со ВП на ЕУ Могерини и со еврокомесарот Хан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања