Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Одрони на патот Дебар – Маврово, екипите на терен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Македонија
odron

Дождот што врне од вчера попладне во дебарскиот регион предизвика помали одрони на повеќе патни правци, поради што надлежните апелираат на внимателно возење.

Од дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта информираат дека се регистрирани чести одрони од камен и земја, особено на делници каде што теренот е познат по вакви појави.

— реклама —

Има помали, но чести одрони, а коловозите се влажни, поради што се препорачува строго почитување на сообраќајната сигнализација – велат од секцијата.

Екипите се постојано на терен и работат на расчистување на патиштата со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

— реклама —

Под нивна надлежност се повеќе од 110 километри патна мрежа, вклучително и правците Дебар – Маврово, Дебар – Струга, патот кон граничниот премин „Блато“, како и делниците кон Мала Река и Центар Жупа.

Најчести одрони се забележуваат на патот Дебар – Маврово, кај Рајчица, Косоврасти, Јанче, Ростушки Мост и во близина на Бигорскиот манастир, додека на правецот кон Струга критична точка е месноста „Три чешми“.

Од друга страна, врнежите имаат и позитивен ефект, бидејќи се очекува да придонесат за зголемување на нивото на Дебарското Езеро и подобрување на резервите на вода за хидроелектраната „Шпиље“.

Дождот е добредојден и за земјоделството, особено за развојот на житните култури и подготовката на површините за пролетна сеидба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjq2utoq696ei1JnyYp4

(Видео) Шлепер излета од патот меѓу Владевци и Радичево, сообраќајот е целосно во прекин

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
media-librarybkpmnv6ui96l0YDdl36

(Видео) Невремето го зафати југоистокот: излеани реки, уништени ниви и угинати животни

Настани | пред 2 месеци

media-libraryefjtvr3p9ih29Tjolz5

(ВИДЕО) Жена спасена во последен момент од надојден порој во Ано Глифада во Грција

Свет | пред 3 месеци

media-librarydperhchqov1t5EOYrk0

(ВИДЕО) Разорно невреме: Загинати, поплави и хаос низ Грција

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања