Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Одвојувањето од Кина носи кон судир“, им порача кинески министер на САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library95j9q5h2cddfaKq4jWp

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на Минхенската безбедносна конференција предупреди дека „рефлексната реакција“ на САД да се дистанцираат од Кина е штетна и дека, и покрај одредени позитивни сигнали од Белата куќа, постојат влијателни кругови во Вашингтон кои го поткопуваат билатералниот однос.

— реклама —

Апелирајќи до американската администрација да води „позитивна и прагматична“ политика кон Пекинг, Ванг истакна дека најдобриот исход за двете страни е соработка, а не конфронтација. Според него, во САД има структури кои „прават сè за да ја нападнат и оцрнат Кина“, но постојат две можни насоки за иднината на односите.

— реклама —

„Соединетите Американски Држави можат разумно и објективно да ја разберат Кина и да водат позитивна и прагматична политика кон неа“, рече Ванг. Како втора перспектива, тој го посочи обидот за раздвојување на економиите, прекинување на синџирите на снабдување и конфронтација со Кина „на емоционален и рефлексен начин“.

— реклама —

Тој предупреди дека обидите да се „одвои Тајван од Кина“ и да се преминат кинеските црвени линии може да ги турнат Пекинг и Вашингтон во директен судир.

„Кина сака да се оствари првата перспектива, а верувам дека и вие го делите тој став, но Кина е подготвена да се справи со сите видови ризици“, порача тој.

Ванг Ји вчера се сретна со американскиот државен секретар Марко Рубио, а средбата од американска страна беше оценета како „позитивна и конструктивна“. Разговарале и за планираната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Пекинг во април. По година на тензии околу трговската и царинската политика, двете сили се обидуваат да ги стабилизираат односите, а Пекинг, според Ванг, е охрабрен од изјавите на Белата куќа кои покажуваат „почит кон претседателот Си Џинпинг и кон кинескиот народ“.

Во исто време, САД и европските држави сè поотворено изразуваат загриженост поради растечката зависност од Кина во делот на суровините и клучните компоненти за индустриските синџири на снабдување, што доведе до повици за намалување на таа зависност.

Осврнувајќи се на војната во Украина, Ванг оцени дека Европа не смее да остане „гледач“ во процесот на преговори. „Војната се одвива на европско тло и Европа има право да учествува во преговарачкиот процес кога ќе дојде време. Европа не треба да биде на менито, туку да има место на масата“, истакна тој.

Следната рунда разговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон за дипломатско решение на конфликтот е закажана за вторник и среда во Женева, соопшти Кремљ. Ванг Ји повика на „сеопфатен и траен мировен договор, прифатлив и обврзувачки за сите страни“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

si-dziping2

Кина иницира дијалог со Тајван преку опозицискиот лидер

Свет | пред 14 часа

media-library2bbm4cohp8b1aZLfl9L

Кина го мапира морското дно низ океаните, Западот алармира за можни воени цели

Свет | пред 6 дена

media-libraryq49lfro4nh9s1lClGDt

Кинескиот извоз силно расте и покрај царините на Трамп

Свет | пред 2 седмици

media-libraryhg4shmchcr896Bd60Pk

Кина повика на итен прекин на американско-израелските операции во Иран

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања