Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

OpenAI влегува во трка со Neuralink – Алтман работи на алтернатива на Масковиот проект

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
Screenshot-2025-02-23-at-09.40.30

Судирот меѓу шефот на OpenAI, Сем Алтман, и неговиот долгогодишен ривал Илон Маск би можел дополнително да се вжешти по веста дека Алтман планира да влезе во полето на мозочно-компјутерски интерфејси (BCI), директно конкурирајќи му на Масковиот Neuralink.

— реклама —

Според Financial Times, Алтман ќе помогне во основањето на компанијата Merge Labs, BCI стартап кој со поддршка на инвестицискиот тим на OpenAI и други вложувачи целосно ќе се фокусира на развој на напредни интерфејси помеѓу човекот и машината. Проценетата почетна вредност е околу 850 милиони долари. Иако Алтман нема лично да инвестира, ќе биде клучен креатор на проектот.

— реклама —

Merge Labs ќе го води Алекс Банија – извршен директор и коосновач на контроверзниот крипто-стартап World, познат по користење на скенери за ирис на окото. Целта е користење на напредна вештачка интелигенција за развој на попрецизни и поефикасни BCI системи – иста технолошка амбиција што ја има и Neuralink.

— реклама —

Во блог објава од 2017, Алтман предвиде дека до 2025 година луѓето би можеле „да ги спојат умовите со компјутери“ – визија што очигледно стои зад името Merge. Во истата објава, тој истакна три неизбежни технолошки револуции:

Создавање на суперинтелигентна вештачка интелигенција,

Генетско подобрување на човекот,

Развој на мозочно-компјутерски интерфејси.

Маск го напушти управниот одбор на OpenAI во 2018 поради несогласувања со Алтман околу насоката на компанијата. Од тогаш го основа xAI и ја засили работата на Neuralink, а истовремено неколкупати го тужеше OpenAI, обвинувајќи го за отстапување од неговата првична непрофитна мисија.

Neuralink моментално е проценет на околу 9 милијарди долари, што му дава значителна предност пред Merge Labs, но влезот на Алтман во ова поле би можел сериозно да го засили ривалството меѓу двајцата технолошки магнати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ilon-mask

Француско обвинителство: Маск поттикнувал експлицитни дигитални манипулации за да ја зголеми вредноста на Икс

Свет | пред 1 седмица

media-libraryv4b398aa12ee6dY5YN0

Документ од 2015 година: Епстин открива вечера со Маск, Тил и Цукерберг

Свет | пред 1 месец

Mask1

Историско спојување: SpaceX и xAI стануваат највредната приватна компанија во светот

Магазин | пред 1 месец

Mask1

Маск: Мерките за спречување на неовластената руска употреба на Старлинк даваат резултати

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања