Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Општина Ѓорче Петров ќе ја добие најголемата кровна фотоволтаична централа на јавни објекти во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Скопје
media-library2e1d6tmoj5co0AfwE86

Општина Ѓорче Петров потпиша договор за јавно-приватно партнерство за поставување кровна фотоволтаична централа од 2,1 MW на основните училишта во општината. Проектот ќе биде најголем ваков на јавни објекти во Македонија, без трошок за општинскиот буџет, а се очекува најмалку 6 милиони денари годишен приход. Ќе се намалат сметките за струја, ќе се зголеми енергетската ефикасност и ќе се произведува чиста енергија.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Општина Ѓорче Петров продолжува со реализација на стратешки проекти насочени кон одржлив развој, енергетска ефикасност и модерно управување со јавните ресурси.

— реклама —

Денес беше потпишан договор за јавно-приватно партнерство (ЈПП) за поставување на кровна фотоволтаична централа со вкупен капацитет од 2.1 MW, која ќе биде инсталирана на кровните површини на основните училишта на територија на општината.

— реклама —

Со реализацијата на овој проект, Општина Ѓорче Петров ќе ја добие најголемата фотоволтаична централа на кровна површина на јавни објекти во Република Македонија, со што се прави значаен чекор кон енергетска независност и користење на обновливи извори на енергија.

— реклама —

Проектот се реализира без финансиски импликации врз буџетот на општината, а според предвидените параметри, општината ќе остварува најмалку 6 милиони денари годишен приход, што ќе овозможи дополнителни инвестиции во инфраструктура, образование и проекти во интерес на граѓаните.

Поставувањето на фотоволтаичните системи ќе придонесе за намалување на трошоците за електрична енергија, зголемување на енергетската ефикасност и значајна заштита на животната средина, преку производство на чиста енергија.

Со оваа иницијатива, Општина Ѓорче Петров поставува нов стандард во примената на современи и одговорни политики во локалната самоуправа, истовремено создавајќи пример што може да го следат и други општини во државата.

Општината останува посветена на реализација на проекти кои носат долгорочни придобивки за заедницата и придонесуваат за подобар квалитет на живот на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarysjsn4sa3c77e1iPPEID

Општина Ѓорче Петров и Црвениот крст оддадоа признание на посветени крводарители и хумани граѓани

Скопје | пред 4 дена

media-library3g0q3i21q4jn6pIMbUW

Општина Ѓорче Петров обезбеди просторни и технички услови за децата со попреченост

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryk0nscrmdlvhn6HRf0aW

Градоначалникот Стојкоски на средба со амбасадорката Н. Е. Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryl29gek641uq3e6HJQXj

Европско признание за извонредност во работењето на Општина Ѓорче Петров

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања