Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Орбан ја нарече Украина „непријател“ на Унгарија на предизборен митинг

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library8sej2hgakl10dU3Qbjg

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја нарече Украина „непријател“ на Унгарија, говорејќи на предизборен митинг во градот Шомбатхељ, на западот од земјата.

„Украинците мора да престанат постојано да бараат во Брисел да ѝ се прекине на Унгарија дотокот на евтина руска енергија“, изјави Орбан во својот говор, додавајќи: „Додека тоа го прават, тие се наш непријател“, пренесе државната новинска агенција МТИ.

— реклама —

Орбан во рамки на Европската Унија се смета за најблизок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и со години води политика на силна енергетска зависност од Русија. За разлика од повеќето земји членки на ЕУ, Унгарија под негово водство не презеде значајни чекори за намалување на зависноста од рускиот гас и нафта.

Парламентарните избори во Унгарија се закажани за 12 април, а Орбан за првпат по 16 години власт се соочува со сериозен политички предизвик. Опозициската Партија „Тиса“, предводена од конзервативниот политичар Петер Маѓар, веќе повеќе од една година води пред владејачката Фидес во анкетите на јавното мислење, што ја прави оваа изборна трка една од најнеизвесните досега.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Нова унгарска влада: Ќе ги отвориме архивите на тајната полиција од комунизмот

Свет | пред 11 час

— реклама —
pukanje-meksiko

Уапсен најбараниот унгарски дилер: Работел како таксист во Мексико

Свет | пред 11 час

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Маѓар ги откри првите министри на новата влада

Свет | пред 2 дена

media-libraryv0255g2l3rfp9V5zNvl

Маѓар со убедлива победа: објавени се конечните резултати во Унгарија

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања