Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Орбан: САД ѝ дадоа на Унгарија целосно изземање од санкции за руската енергија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
orban-tramp1

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави во Вашингтон дека неговата земја постигнала договор со САД, со кој Унгарија добила потполна и неограничена изземеност од американските санкции за користење руска енергија преку гасоводот „Турски тек“ и нафтоводот „Дружба“.

Орбан, кој се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп, по средбата одржа заедничка прес-конференција со шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, нагласувајќи дека овој договор ја „спасил унгарската политика на ниски режиски трошоци“.

— реклама —

Од американскиот санкциски систем сега успеавме да се извлечеме, но со европските санкции допрва ќе водиме борба“, рече Орбан, додавајќи дека Унгарија повеќе не мора да стравува дека најавените американски мерки против руските енергенти ќе се применат и врз неа.

Сијарто потврди дека и други држави се обиделе да добијат сличен изземок.
Да санкциите стапеа на сила, сметките на домаќинствата драстично ќе пораснеа. По денешната средба, таа опасност повеќе не постои за Унгарија“, изјави тој.

— реклама —

Еден од најважните делови на договорот, според Орбан, се однесува на гасоводот „Турски тек“ и нафтоводот „Дружба“, преку кои Унгарија увезува руски гас и нафта.
Овие две стратешки линии добија изземок без временско ограничување. Со тоа успеавме да ја одбраниме политиката на пониски трошоци за граѓаните“, истакна Орбан.

Тој прецизираше дека без постигнатиот договор, сметките за струја и греење во декември би биле двојно повисоки.

Орбан објави и дека САД повлекле сè што било проблематично околу изградбата на нуклеарната електрана „Пакс 2“, проект кој се реализира во соработка со Русија.
Во врска со завршувањето на ‘Пакс 2’ нема повеќе американски сомнежи. Такви санкции во иднина нема да бидат воведени,“ рече Орбан.

Американската страна, според Будимпешта, потврдила дека нема да воведува ниту да одржува санкции кои би ја попречиле изградбата на нуклеарката.

Иако Унгарија успеала да обезбеди изземок од американските мерки, санкциите на Европската Унија остануваат, а Орбан најави „борба во Брисел“.

Тој потсети дека се спротивставува на планот на ЕУ до крајот на 2027 година постепено да се отфрлат руските енергенти, оценувајќи дека станува збор за одлука што може да се донесе со квалификувано мнозинство, без согласност на сите членки.

Трамп: „Некои земји зборуваат едно, а купуваат руско гориво“

Американскиот претседател Доналд Трамп коментираше дека многу европски држави и натаму купуваат руска нафта, иако тврдат дека не зависат од неа.
Некои европски земји немаат проблем каков што има Унгарија, а сепак купуваат многу руска нафта. Тоа ме вознемирува повеќе,“ рече Трамп.

Орбан, пак, повтори дека географијата е реалност и дека алтернативите, како снабдувањето преку Хрватска, имаат премал капацитет за да ги задоволат енергетските потреби на Унгарија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Пакистан се залага за траен договор меѓу САД и Иран

Свет | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Речиси милијарда долари иранска нафта ја заобиколила американската блокада

Свет | пред 18 часа

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

САД трошат алармантно брзо ракети: Украина загрижена за одбраната

Свет | пред 19 часа

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски: Американците одат во Москва, а го заобиколуваат Киев – тоа е непочитување

Свет | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања