„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Османи: Европската агенда создава подобри услови за земјоделците, иноваторите и воопшто за бизнисот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
DSC_1572-2

Во Клубот на пратениците се одржа вториот состанок на Секторскиот мониторинг комитет за конкурентност, иновации и земјоделство со кој претседаваа Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи во улога Национален ИПА координатор; и шефот на одделот за соработка при Делегацијата на Европската унија, Никола Бертолини.

„Зголемување на конкурентноста, сивата економија, правната стабилност и предвидливоста во приватниот сектор претставуваат клучни предизвици за бизнис секторот и Владата е сериозно посветена во напорите да обезбеди соодветни услови за водење бизнис, особено во рамките на реформскиот процес кој произлегуваа од европската агенда“- истакна Османи, посочувајќи на планираните мерки кои се содржани во новиот реформски План 18, а ќе имаат соодветен импакт во зацврстување на принципот на владеење на правото, борбата против корупцијата, но и борбата против сивата економија, унапредвуање на ефикасноста на судството итн. Османи додаде дека целиот процес на европски интеграции е во насока да се обезбедат подобри услови за земјоделците, за претприемачите, секако иноваторите и сите сегменти од бизнис секторот.

— реклама —

Во рамки на состанокот со свои презентации учествуваа донаторите, претставниците на ресорните министерства, при што заеднички беше констатирано дека напредокот во ИПАРД е очигледен и тоа преку реализацијата на проектите како и склучените 940 договори со лицата кои успешно аплицирале од првиот повик во вкупен износ од 18 милиони евра.

— реклама —

На состанокот присуствуваа претставници од Делегацијата на ЕУ, донаторите во земјава како Светска Банка, Европската банка за обнова и развој, претставници на четирите стопански комори во РМ како и претставници од ресорните министерства. Целта на овие состаноци е по дискусијата за напредокот на спроведување на програмите, низ дијалог на членовите да се договорат препораки за подобрување на спроведувањето на акциските програми во наредниот период и истите се одржуваат два пати во годината.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања