Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Откриена вакцина против алергија на мачки, но „HypoCat“, сеуште не е за комерцијална употреба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин
macka

За сите љубители на животни, поточно мачки, кои поради алергии не можат да престојуваат во близина на своите миленичиња, научниците открија вакцина која ја лекува алергијата на мачки.

— реклама —

Лицата кои имаат дијагностицирана алергија на мачки всушност се алергични на протеинот Фел-д1, кој се наоѓа во крзното на животното. Овој протеин се закачува на првутот на мачката и на тој начин се шири низ просторот во кој се наоѓа мачката. Кога протеинот Фел-д1 ќе влезе во организмот на лицето кое е алергично, тогаш доаѓа до зголемено производство на хистамин и предизвикува црвенило во очите, кивање и отежнато дишење. Тоа е посебно опасно за лицата кои боледуваат од астма или некој друг облик на болест што влијае на дишните патишта.

— реклама —

Вакцината наречена „HypoCat“ е решение за сите лица кои го имаат овој проблем. Научниците ја развивале вакцината повеќе од десет години, а според нив, досегашните истражувања и експерименти покажале дека е многу делотворна. Вакцината се инјектира во мачките, го зајакнува нивниот имунолошки систем, помагајќи им на тој начин да го елиминираат протеинот Фел-д1 од организмот.

— реклама —

Вакцината сеуште не е достапна за комерцијална употреба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања