Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИЗБОРИ

meksiko

Мексико ја избра Клаудија Шајнбаум за прва жена претседател со убедлива победа

Клаудија Шајнбаум беше избрана за прва жена претседател на Мексико, со најмалку 58,3 отсто од гласовите, според брзото пребројување на изборната комисија на Мексико.Најблискиот ривал, Ксочитл Галвез од опозициската коалиција, доби најмалку 26,6 отсто од гласовите, додека Хорхе Алварез Мајнез, кандидатот на центристот Мовимиенто Сиудадано, е трет со најмалку 9,9 отсто од гласовите, пишува Гардиан.Брзото пребројување беше одложено неколку пати без објаснување од страна на изборната комисија, што го натера Галвез да фрли сомнеж во неговата веродостојност, и покрај огромниот јаз во излезните анкети. „Гласовите се таму. Не смееме да дозволиме да ги кријат“, напиша Галвез на X.Како што доаѓаа резултатите, поддржувачите на владејачката партија Морено на Шајнбаум отпатуваа на симболичниот главен плоштад во Мексико Сити, Зокало, каде што Шајнбаум требаше да одржи победнички говор.

Свет | пред 1 година

izbori

На полноќ почнува изборниот молк во Србија

Предизборниот молк пред локалните избори во Србија почнува на полноќ и ќе трае до затворање на гласачките места на 2 јуни во 20 часот.Во тој период, на медиумите и јавните собири им е забрането да презентираат кандидати и партиски програми, да ги повикуваат гласачите да гласаат и да објавуваат оценки за изборните резултати.Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, на крајот на април распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, на истиот ден кога ќе се одржат изборите за советници на градското собрание на Белград, како и за град општините, се одржуваат.Избори за градски советници се одржуваат во Ваљево, Вршац, Зрењанин, Јагодина, Кикинда, Ниш, Нови Сад, Панчево, Пожаревац, Сомбор, Сремска Митровица, Суботица, Ужице и Чачак.

Свет | пред 1 година

421951398_964070525076012_5821741793377370357_n

Апасиев: Има страв од Ванковска

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев смета дека на политичката сцена има страв од нивниот претседателски кандидат, Билјана Ванковска.„Ете, и тоа го дочекавме. Претседателски избори без директни соочувања и ТВ ДЕБАТИ!? Ова е некој нов изум во политологијата. П.с. Телевизии има, ама нема уредници и спремни кандидати“, напиша Апасиев.Претходно, на брифинг, тимот на Стево Пендаровски најави дека ќе се организираат т.н. мастер дебати, каде ќе бидат сите кандидати, а ќе се пренесуваат и на сите телевизии.

Македонија | пред 1 година

izbori-glasanje-11-92584

Локални избори за градоначалник во Маврово и Ростуше и во Центар Жупа и за советници во Тетово

Денес се одржуваат локални избори за градоначалник во Маврово и Ростуше и во Центар Жупа и за советници во Тетово. Право на глас имаат вкупно 101.174 гласачи.Во Тетово во Избирачкиот список се запишани 84.072 избирачи, во Маврово и Ростуше 7.154 и во Центар Жупа 9.948.Во Центар Жупа има само еден кандидат за градоначалник, додека во Маврово и Ростуше двајца кандидати за градоначалник.Претходните обиди за избори пропаднаа бидејќи не беше исполнет условот најмалку една третина од гласачите да излезат на гласање.Во Тетово на гласачкото ливче ќе има 13 листи на кандидати за членови на Советот на општината. Во Тетово се одржуваат предвремени избори за нов совет откако претходниот состав не ја изгласа завршната сметка на општината во законскиот рок.Во 09:30 часот, ДИК ќе одржи прес-конференција за излезноста, а околу 12:30 часот членови на ДИК ќе присуствуваат на самото место на гласање во Тетово, каде исто така ќе се одржи прес-конференција по што ќе бидат посетени и Маврово-Ростуше и Центар Жупа. Во 19:30 часот е предвидено ДИК да одржи прес-конференција за првичните резултати за излезноста.Вчера гласаа болните и изнемоштени лица и лицата во казнено поправни установи. Во Маврово Ростуше гласале 35 болни и изнемоштени лица од пријавени 40, во Центар Жупа сите 29 пријавени лица, а во Тетово гласале 23 од пријавени 24 лица. Во Казнено поправната установа „Идризово“ од пријавени 56, гласале 37. Во Шуто Оризари се пријавиле 12 гласачи, а гласале седум. Во Струга, Тетово и Штип гласале сите, односно 21 гласач.

Македонија | пред 3 години

dui-

Партиски избори на ДУИ во 10 ограноци

Демократската унија за интеграција денеска ќе организира директни партиски избори во 10 ограноци за претседатели и членови на претседателството на ограноците, како и за претседатели и членови на локалните совети.Како што најавуваат од партијата, ограноците на Брвеница, Боговиње, Чашка, Долнени, Гостивар, Студеничани, Теарце, Тетово, Врапчиште и Желино, денеска на демократски и рамноправен начин, почитувајќи го принципот еден член еден глас, ќе избираат свое раководство за нов мандат.По завршување на изборниот процес, како што најавуваат од партијата, претседателот на ДУИ Али Ахмети во партиското седиште во Тетово ќе одржи прес-конференција во 18:30 часот на која ќе ги соопшти изборните резултати.

Македонија | пред 3 години

izbori-makedonija-Copy

Мицкоски: Законот за една изборна единица не зависи од ВМРО-ДПМН

„Ние имаме членови од сите етнички заедници, Македонија за сите луѓе – тоа е кампања која што ВМРО-ДПМНЕ ја водеше. Нормално секој кој што има амбиција и квалитети и компетенции да работи за Македонија,а не како оние министри кои што се срамат да кажат дека се македонски министри и кои што се срамат да застанат пред македонското знаме, се добредојдени и јас лично ги охрабрувам и веќе имам со неколку десетици такви Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, Власи разговори да се најдат на пратеничката листа на идната победничка коалиција која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ со минимум 61 освоен пратеник“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски при посетата на општина Кисела Вода во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“Мицкоски додаде дека една изборна единица не зависи од ВМРО-ДПМНЕ.„Тоа не зависи од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ го поддржува тоа и затоа го повикувам еве и Љупчо Георгиевски, и Маја Морачанин, Павле Трајанов и овој министеров за локална самоуправа Горан Милевски и останатите. Тоа што си е го ветија пред граѓаните, пред народот, тие велеа ако немаме една изборна единица ќе ја напуштиме Владата. еве помина април месец и тоа беше крајниот рок, а денеска сме 14-ти мај, две недели потоа, а нив ги нема никаде, ни да гукнат ни да бекнат. Мила им е власта, привилегиите им се мили, народот тоа го плаќа за жал, но не сфаќаат дека секоја работа има свој почеток и крај. Така што колку побргу сфатат дека крајот доаѓа, толку полесно ќе паднат. Колку повеќе се инаетат, толку потежок ќе им биде падот“, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

izbori-makedonija-Copy

Избори за градоначалник во Центар Жупа, излезноста е 2,17%

Во општина Центар Жупа денеска се спроведуваат повторените избори за градоначалник.Се гласа на 16 избирачки места, а запишани се 7.077 избирачи со право да глас.Во текот на вчерашниот ден своето право на глас можеа да го остварат 57 лица кои до општинската изборна комисија се пријавија како болни и немоќни, како и три лица кои се на издржување казна затвор или се во притвор.До 9 часот излезноста на гласачките места во општина Центар Жупа е 2.17 отсто, односно гласале 154 гласачи, соопшти Државната изборна комисија.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања