Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

АЕРОДРОМ ОХРИД

aerodrom-skopje-1

Летниот распоред на летови почнува со 10 нови дестинации од аеродромите во Скопје и во Охрид

Летниот распоред на летови од двата македонски аеродроми управувани од ТАВ Македонија, почнува престојниов викенд – во недела на 29 март и со него ќе има вкупно 10 нови дестинации – 6 нови авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје: Неапол, Будимпешта, Палермо, Алгеро, Трабзон и Самсун, како и 4 нови авиолинии од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид – Милано, Виена, Вроцлав, Катовице.„Сите 10 нови авиолинии што ќе бидат воведени со летниот распоред на летови на аеродромите во Скопје и во Охрид оваа година, претставуваат значаен чекор напред кон проширување на мрежата на дестинации. Тоа ќе овозможи подобра поврзаност на земјата со нови атрактивни градови, ќе отвори нови можности за туристички патувања за нашите ценети патници возаминување, места кои беа многу барани и потребни, но во исто време ќе придонесе за дојдовниот туризам со тоа тоа што странски туристи ќе доаѓаат во Македонија, преку Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид. Сезоната почнува со воведувањето на новата линија Милано – Охрид оваа недела на 29 март. Потоа, во понеделник, на 30 март, ќе почнат новите летови од Скопје до Неапол, а летовите од Скопје до Будимпешта ќе се вратат на редовниот распоред на летови. Уверен сум дека сите нови дестинации ќе создадат голем интерес кај патниците и ќе придонесат за континуитет на двоцифрениот пораст на патничкиот сообраќај што го бележиме од почетокот на 2026 година на двата македонски аеродроми“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.На 29 март, недела, Виз eр ја воведува новата линија Милано – Охрид, додека на 30 март авиокомпанијата ќе почне да лета од Скопје до Неапол, како нова атрактивна дестинација во Италија, истовремено враќајќи ја редовната линија од нашиот главен град до главниот град на Унгарија – Будимпешта. Од 2 и 3 јуни, Анадолија џет ќе го поврзе скопскиот аеродромот со Трабзон и Самсун, додека од 15 и 18 јули, Виз ер ќе го поврзе главниот град на Македонија со Палермо (Сицилија) и Алгеро (Сардинија).Во рамките на летниот распоред на летови за 2026 година, кој почнува кон крајот на март и завршува на крајот на октомври, 15 авиокомпании ќе летаат до 54 дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје, вклучувајќи ги редовните летови преку целата година и сезонските летови, додека истовремено 7 авиокомпании ќе летаат до 24 чартер дестинации, што е вкупно 78 дестинации од главниот град на земјава.Од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, во летниот распоред на летови, 8 авиокомпании ќе летаат до 17 дестинации, од кои 14 се редовни дестинации преку целата година и сезонски дестинации, додека три се чартер-летови.По воведувањето на новата авиолинија од Охрид до Милано, во јуни Виз ер ќе почне да лета и од Вроцлав и Катовице до Охрид. Од 17 мај, Аустриан ерлајнс ќе почне со летови од Охрид до Виена. Претходно овој месец, на 17 март, Виз ер веќе започна да лета од Охрид до Братислава.ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата ADP, ги заврши првите два месеци од 2026 година со 539.474 патници на Меѓународниот Аеродром Скопје и на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид. Ова е зголемување од 31% на бројот на патници во споредба со истиот период во 2025 година. Во исто време, бројот на летови (3.766) порасна за 14%.

Македонија | пред 3 дена

aerodrom-ohrid

Следната недела почнува реконструкција на аеродродмот во Охрид, инаку до скоро беше нелегален објект, вели Николоски

Следната недела започнуваме со прва реконструкција на охридскиот аеродром, прва од неговата изградба. За овие година и половина поминавме тежок процес, но успеавме да го легализираме аеродромот. Во меѓувреме работиме на Договор со Саудиска Арабија во делот на ависоообраќајот и очекувам да воспоставиме директна линија меѓу двете земји, вели во поткастот на ТВ Сител, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.„Веќе поминавме протокол за Договор со Саудиска Арабија, очекуваме во следните месец дена да го преговараме, да го потпишеме и да имaме директен лет од Саудиска Арабија до Скопје од еден од тамошните аеродорми. Следната недела почнуваме со реконструкција на аеродродмот во Охрид, прва реконструкција од тој тип од неговото градење. Инаку до скоро беше нелегален објект, го имавме пред нас но на хартија го немаше. Успеваме да го легализираме, што е срамно за државата да еден  од двата аеродроми да го немаш на хартија. Тоа беше тежок процес затоа што треба да впишете цела инфраструктура. Но тоа е завршено и следно е реконструкцијата што ќе донесе повеќе летови  и патници и очекувам туристичкиот дел да се насочи таму, а бизнис делот да доаѓа во Скопје” истакна вицепремиерот Николоски.Тој вели дека за овие година и половина значително се развива ависообраќајот и го потенцира фактот што до сега се воспоставија 23 нови дестинации од домашните аеродроми што за Македoнија е огромно достигнување.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања