Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

АМЕРИКА

media-libraryft1tssuibt081VNWTPr

Иран ѝ се потсмева на Америка: 320 отсто? Единствен успех

Портпаролот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, ги исмеа американските тврдења за уништени ирански капацитети.Тој на социјалната мрежа Икс наведе дека САД тврделе оти се уништени 320 отсто од лансирните системи, а сега целта била да се уништат 500 отсто.„Според изјавите на израелските и американските воени претставници, досега се уништени 320 отсто од иранските ракетни лансери. Сепак, Иран продолжува да лансира проектили со голема брзина. Сега непријателот има цел да уништи дури 500 отсто од нив! Единствен успех за американската војска!“, напиша Галибаф.Портпаролот на израелската војска изјави дека се уништени повеќе од 70 отсто од иранските капацитети за лансирање балистички ракети. Исто така, наведено е дека Израел уништил 100 противвоздушни батерии и 120 радари.

Свет | пред 1 седмица

lukasenko-1

Лукашенко преговара со Американците: „Русија и Кина се изоставени од равенката“

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, разговараше со американската делегација предводена од специјалниот пратеник на САД, Џон Кол, во Палатата на независноста во Минск.„Разговараме за нашите билатерални односи, од обновување на нормалното работење на амбасадата до ослободување на т.н. политички затвореници. Економските прашања, санкциите, сето тоа заедно“, изјави Лукашенко, пренесува белоруската агенција Белта.Според него, „постојат тон прашања за кои се разговара“.„Преговараме со нив. Тоа е добра работа. Русија и Кина се изоставени од равенката. Ова не е тема за дискусија“, додаде претседателот на Белорусија.Ова е најновата рунда белоруско-американски контакти – Лукашенко веќе неколку пати се сретнал со Џон Кол, а Белта потсетува дека последната средба била во средината на декември 2025 година.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryvi1inp2lgubn6JO8gp2

Омански министер: САД ја изгубија контролата

Во авторски текст за магазинот „The Economist“, оманскиот министер за надворешни работи Бадр Албусаиди предупредува дека САД ја изгубиле контролата над својата надворешна политика, повикувајќи ги сојузниците да помогнат во завршување на војната со Иран.Албусаиди истакнува дека во последните девет месеци САД и Иран двапати биле на работ на постигнување договор за најосетливото прашање кое ги дели – иранскиот нуклеарен програм и американските стравови дека тој може да има воена намена.Затоа, како што наведува, не било изненадување, но било шок кога на 28 февруари, само неколку часа по најконкретните преговори до тогаш, Израел и САД повторно започнале воена акција.Иранскиот одговор, кој вклучува напади на цели што Техеран ги смета за американски на територијата на соседните држави, Албусаиди го опишува како неизбежен, но длабоко жалосен и неприфатлив.Сoочен со војна која Израел и САД ја опишале како обид за завршување на Исламската Република, иранското раководство, според неговото мислење, немало многу избор.Последиците од таквата ескалација најмногу ги чувствуваат државите од јужниот дел на Персискиот Залив. Земјите кои се ослонуваа на безбедносната соработка со САД сега таа соработка ја доживуваат како извор на ранливост, што ја загрозува нивната безбедност и економската иднина.Албусаиди предупредува дека е загрозен и развојниот модел на заливските држави, кој се базира на глобален спорт, туризам, авијација и технологија.Последиците од иранскиот одговор веќе се чувствуваат и глобално, особено преку сериозни пореметувања во поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец, што доведува до зголемување на цените на енергијата и закана од длабока рецесија.Според него, најголема грешка на американската администрација била тоа што воопшто влегла во војна. Албусаиди нагласува дека ова не е американска војна и дека не постои реален сценарио во кое Израел и САД ќе ги остварат своите цели.Израелското раководство, тврди тој, отворено се стреми кон соборување на иранскиот режим, додека американската реторика за промена на режимот можеби не е толку цврста.Албусаиди смета дека Израел ја убедил Белата куќа дека Иран е ослабен поради санкциите, внатрешните поделби и претходните напади на нуклеарните постројки, и дека брза победа би била можна.Но сега е јасно дека остварувањето на таквите цели би барало долгорочна војна и ангажман на американските копнени сили, што би отворило ново поглавје во долготрајните војни кои претседателот Доналд Трамп порано ветуваше дека ќе ги заврши.Албусаиди го поставува клучното прашање до американските сојузници: Што можат да сторат за да помогнат САД да се извлечат од овој непожелен конфликт?Тој понатаму нагласува дека американското раководство мора јасно да ги дефинира сопствените национални интереси, кои треба да вклучуваат запирање на ширењето на нуклеарно оружје, безбедност на снабдувањето со енергија и нови инвестициони можности во регионот.Сето тоа, според него, е можно само ако Иран е во мир со своите соседи.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryft1tssuibt081VNWTPr

Иран со порака до Американците со чиста совест: Одречете се од воената агресија

Иран ги повика сите американски граѓани и функционери со „чиста совест“ да се „одречат од тековната американско-израелска воена агресија против земјата“.Таа порака ја пренесе портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, на својот профил на мрежата X, по оставката на директорот на американскиот Национален центар за борба против тероризмот, Џозеф Кент.Кент поднесе оставка во знак на протест против војната.Кент на социјалните мрежи наведе дека „не може со чиста совест да ја поддржи војната против Иран“.„Оваа војна не е војна на американскиот народ. Да се оттурне овој нелегален конфликт е најмалку што секој граѓанин и функционер со чиста совест може и треба да го направи“, наведе Багаеи на својот профил на мрежата X, пренесувајќи објава од висок американски функционер кој признал дека „Иран не претставува непосредна закана за САД“ и дека конфликтот е поттикнат поради „притисок од моќното израелско лоби“.

Свет | пред 1 седмица

media-library7t5p8jhrc2l37GWY2KW

Пентагон демантира: „Авраам Линколн“ е оперативен, тврдењата на иранската Револуционерна гарда – „рециклирани лаги“

Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека ударната група на носачот на авиони „USS Abraham Lincoln“ продолжува да дејствува во регионот и ги оцени како невистинити тврдењата на иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (IRGC) дека бродот бил „онеспособен“.Во реакција објавена на платформата Икс, од CENTCOM наведуваат дека станува збор за повторување на претходни, веќе пласирани тврдења, оценувајќи дека IRGC „рециклира лаги“ и дека со новите наводи си противречи со други сопствени изјави.Според американската страна, ударната група на „USS Abraham Lincoln“ останува ангажирана во актуелното распоредување, во време кога Вашингтон го засилува военото присуство на Блискиот Исток поради ескалацијата на регионалните тензии.Покрај „Линколн“, во поширокиот регион дејствува и носачот на авиони „Џералд Форд“, а американските медиуми известуваат и за испраќање дополнителни сили во Персискиот Залив.Во таа рамка се споменува и можноста за пристигнување на амфибиска група со неколку илјади маринци и морнари, како и приклучување на амфибискиот јуришен брод „Tripoli“ кон веќе распоредениот контингент.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryutdgma2d7c1e9xJR1SU

(Видео) Американската војска изврши 3 напади на Тихиот Океан и Карибите, загинаа 11 лица

Американското јужно командување (САУТКОМ) изврши три напади врз пловила во источниот дел на Тихиот Океан и на Карибите, при што загинаа 11 мажи, соопшти американската војска во вторник. Нападите се случиле на локации познати како рути за трговија со дрога.Во првиот напад загинале четворица мажи, во вториот исто така четворица, а во третиот тројца, наведува американската војска во соопштението.„Разузнавачките податоци потврдија дека пловилата се движеле по познати рути за трговија со дрога и учествувале во операции на криумчарење“, соопшти САУТКОМ на социјалната мрежа Икс.

Свет | пред 1 месец

Iran

Руски амбасадор до Американците: „Трипати мери и не сечи“

Рускиот амбасадор при Обединетите нации, Василиј Небенџа, им даде совет на Американците во врска со можен американски напад врз Иран: „трипати мери и не сечи“.„Трипати мери и не сечи“, порача Небенџа, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави можат да го нападнат Иран, но дека Техеран сега е подобро подготвен за тоа отколку што беше во јуни 2025 година.Небенџа истакна дека реториката на американскиот претседател Доналд Трамп за Иран во извесна мера се смирила откако завршија протестите во таа земја, но ситуацијата сепак е загрижувачка.„Нападот може да се изведе, но Иран овојпат е подобро подготвен за таков развој на ситуацијата отколку што беше во јуни“, рече Небенџа за руските медиуми.Американските медиуми пренесоа дека Трамп размислува за нов голем удар врз Иран откако претходните разговори меѓу Вашингтон и Техеран за ограничување на иранскиот нуклеарен програм и производство на балистички ракети не напредуваа.Опциите што Трамп сега ги разгледува, вклучуваат американски воздушни напади насочени кон иранските лидери и безбедносни функционери за кои се верува дека се одговорни за убиства за време на протестите во земјата, како и напади врз иранските нуклеарни објекти и владините институции, изјавија извори за Си-Ен-Ен.Ударната група носачи на авиони „USS Abraham Lincoln“ влезе во Индискиот Океан пред три дена и продолжува да се приближува кон Иран.

Свет | пред 2 месеци

media-librarydndrt9on4snacpK42Iq

Зошто американските технолошки компании сѐ почесто се потпираат на кинеска вештачка интелигенција?

Стотици милиони корисници секој месец го посетуваат Пинтерест во потрага по нови стилови, идеи и трендови, од креативни решенија за домот до инспирации за мода и гастрономија. Малкумина, сепак, знаат дека технологијата што стои зад препораките на оваа платформа сѐ помалку е исклучиво американска.Компанијата Пинтерест експериментира со кинески модели на вештачка интелигенција со цел да го унапреди својот систем за препораки и да го трансформира во асистент за купување управуван од АИ. Извршниот директор на компанијата, Бил Реди, изјави дека на тој начин Пинтерест станал поефикасен и попрецизен, нагласувајќи дека вистинскиот пресврт настанал со појавата на кинескиот модел DeepSeek R-1, кој беше објавен како отворен код во јануари 2025 година.Откако моделот стана слободно достапен, следеше бран на други решенија со отворен код од кинески лаборатории, меѓу кои моделите Qwen на „Алибаба“, Kimi на „Муншот“, како и технологии што ги развива сопственикот на „ТикТок“, „БајтДенс“. Иако Пинтерест можел да се потпре на бројни американски лаборатории за вештачка интелигенција, компанијата проценила дека кинеските модели нудат подобар сооднос меѓу квалитетот, брзината и цената.Главниот технолошки директор на Пинтерест, Мет Мадригал, објасни дека предноста на моделите со отворен код е во можноста компаниите слободно да ги преземаат, модифицираат и прилагодуваат на сопствените потреби, за разлика од комерцијалните модели на американските компании како „ОпенАИ“. Според него, техниките што ги користи Пинтерест за обука на сопствени интерни модели се за околу 30 проценти попрецизни од водечките готови решенија, а во исто време и значително поевтини, во некои случаи дури и до 90 проценти.Пинтерест не е единствената американска компанија што се потпира на кинеска вештачка интелигенција. Сѐ повеќе компании од листата „Форчн 500“ ги користат овие технологии. Извршниот директор на „Ербиенби“, Брајан Чески, минатата година изјави дека неговата компанија во голема мера се потпирала на моделот Qwen на „Алибаба“ за развој на својот АИ агент за корисничка поддршка, наведувајќи дека моделот е квалитетен, брз и економичен.Дополнителни показатели за растечката популарност на кинеските АИ модели се видливи и на платформата „Хагинг Фејс“, каде што се објавуваат и преземаат модели за вештачка интелигенција. Според Џеф Будје, кој работи на развој на производи на платформата, токму цената е клучниот фактор поради кој стартапите сѐ почесто се одлучуваат за кинески решенија. Тој наведува дека во одредени периоди дури четири од петте најпопуларни модели за обука доаѓаат од кинески лаборатории, а во септември моделот Qwen го надминал и „Ллама“ на „Мета“ како најпреземан јазичен модел.Со влегувањето во 2025 година, станува сѐ појасно дека кинеските компании сериозно му се приближуваат, па дури и му се закануваат на американското водство во областа на вештачката интелигенција, и покрај милијардите долари што американските технолошки гиганти ги вложуваат во развој. Извештај на Универзитетот „Стенфорд“ објавен минатиот месец укажува дека кинеските АИ модели по способности и број на корисници веќе ги стигнале, а во одредени сегменти и ги надминале глобалните конкуренти.Во интервју за Би-Би-Си, поранешниот заменик-премиер на Обединетото Кралство, Ник Клег, оцени дека американските компании се премногу фокусирани на развој на хипотетичка „суперинтелигенција“ која би можела да го надмине човекот, додека Кина ја користи таа празнина за доминација во практични и достапни модели со отворен код. Според него, иронијата е што во ривалството меѓу најголемата демократија и најголемата автократија, токму Кина прави повеќе за демократизација на технологијата.Извештајот на „Стенфорд“ дополнително посочува дека кинескиот успех делумно се должи и на силната државна поддршка, додека американските компании, како „ОпенАИ“, се под притисок брзо да остварат приходи и профитабилност. Извршниот директор на „ОпенАИ“, Сем Алтман, неодамна изјави дека компанијата агресивно инвестира во компјутерска инфраструктура и обука на нови модели, нагласувајќи дека приходите ќе растат брзо, но и трошоците за развој ќе останат огромни.

Магазин | пред 2 месеци

media-libraryf0sbov5iolvu2vYo96Q

Американски конгресмен предлага Гренланд да стане сојузна држава на САД

Републиканскиот конгресмен на САД Ренди Фајн поднесе предлог-закон кој предвидува анексија на Гренланд и доделување статус на сојузна држава во рамки на Соединетите Американски Држави, се наведува во соопштението, пренесува РИА Новости.Фајн денеска го претстави Законот за анексија и државност на Гренланд, кој, според него, има за цел да ги обезбеди стратешките интереси на националната безбедност на САД на Арктикот и да се спротивстави на растечките закани од Кина и Русија.Во соопштението се наведува дека, со заострувањето на глобалната конкуренција на Арктикот, Соединетите Држави не можат да си дозволат да им остават простор на ривалските сили да стекнат влијание во еден од стратешки најважните региони во светот.„Гренланд е витален елемент на нашата национална безбедност. Кој го контролира Гренланд, ги контролира клучните арктички поморски патишта и безбедносната архитектура што ги штити Соединетите Американски Држави. Америка не може да ја остави таа иднина во рацете на режими кои ги презираат нашите вредности и сакаат да ја поткопаат нашата безбедност.“, изјави конгресменот Фајн.Како што се наведува на официјалната веб-страница на неговата канцеларија, претседателот на САД Доналд Трамп и државниот секретар Марко Рубио јасно укажале дека Арктикот брзо се појавува како главна арена на глобалното натпреварување меѓу големите сили. Во соопштението се тврди дека Кина и Русија агресивно го шират своето присуство во регионот, додека, според Фајн, „години на слаба политика“ довеле до нарушување на стратешката позиција на Америка.Според предложениот закон, претседателот на САД би имал овластување да ги преземе сите неопходни чекори за анексија или стекнување на Гренланд како американска територија. Исто така, се предвидува поднесување детален извештај до Конгресот со измените на федералните закони потребни за Гренланд да стане официјална сојузна држава на САД.„Предолго американското раководство стоеше настрана додека нашите противници ја поткопуваа нашата геополитичка доминација. Мојот закон ќе ја заштити нашата татковина, ќе ја обезбеди нашата економска иднина и ќе гарантира дека Америка – а не Кина или Русија – ќе ги поставува правилата на Арктикот. Така изгледа американското лидерство и сила“, изјави Фајн.

Свет | пред 2 месеци

media-library54ga6e29pir3diXi9yC

Зеленски назначи преговарачка делегација за разговорите со Вашингтон и Москва

Украинскиот претседател Володимир Зеленски назначи деветчлена преговарачка делегација која ќе учествува во разговорите со САД, Русија и другите меѓународни партнери, се наведува во указ објавен во саботата во Киев.Шефот на кабинетот на претседателот, Андриј Јермак, е именуван за главен преговарач, додека меѓу членовите на делегацијата е и Кирило Буданов, раководителот на украинската воена разузнавачка служба.Одлуката доаѓа еден ден откако Зеленски предупреди дека американскиот мировен план ја става Украина пред „многу тежок избор — или загуба на достоинството, или ризикување да се изгуби клучниот партнер“, алудирајќи на САД.Американската поддршка — важна за испораките на оружје и за обезбедување разузнавачки информации — останува од суштинско значење за способноста на Киев да продолжи да се спротивставува на руските сили.Високи украински претставници во наредните денови треба да се сретнат со американски претставници во Швајцарија за да разговараат за предложениот мировен план на претседателот Доналд Трамп. Точниот термин и локација на средбата сè уште не се соопштени.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryftb02s05rnebfina4yY

(Видео) Опасен тренд однесе нови животи: Две малолетнички мртви на покрив од воз во Њујорк

Две малолетнички го загубија животот во саботата на покривот на воз од њујоршкото метро, следејќи го опасниот тренд познат како „subway surfing“ – возење на покривот на возот, соопшти NBC News.Полицијата соопшти дека се работи за 12-годишната Земфира Мухтарова од Бруклин и 13-годишната Ебa Морина од Менхетен. Девојчињата биле пронајдени без знаци на живот на покривот од возот на линијата J, на станицата Марси авенија – Бродвеј во Вилијамсбург, околу 3 часот по полноќ.Претседателот на њујоршкиот оддел за јавен превоз, Деметриус Кришлоу, ја нарече нивната смрт трагедија и апелираше до младите да не ризикуваат со вакви опасни активности.Кандидатот за градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, изјави дека е „скршен од болка“ и предупреди дека ова е уште еден потсетник колку „сурфањето“ на метро возовите е смртоносно.Американските медиуми пренесуваат дека само во 2023 и 2024 година во Њујорк се забележани вкупно 18 смртни случаи поврзани со овој опасен тренд. Полицијата почнала да користи дронови за надзор на возовите, а властите велат дека годинава спречиле 52 потенцијални трагедии.Трендот „train surfing“ се проширил преку социјалните мрежи, каде што млади корисници објавуваат ризични видеа.Мајката на 15-годишниот Закери Назарио, кој загина во 2023 година при сличен инцидент, поднела тужба против компаниите ByteDance, TikTok и Meta, обвинувајќи ги дека нивните алгоритми промовираат содржини што поттикнуваат деца да се впуштаат во опасни предизвици. Компаниите ги отфрлија обвинувањата.

Свет | пред 5 месеци

tan2022-10-24132289861-830x0-1

Затворање на американската влада: Што значи и кого ќе погоди?

Американската влада е затворена откако републиканците и демократите не успеаа да се договорат за привремени планови за финансирање. Главната точка на спор беше секторот за здравствена заштита, но резултатот е дека речиси сите федерални служби, освен најкритичните, ќе престанат со работа додека не се постигне договор.Затворањето на федералната влада значи дека сите небитни функции на државата привремено престануваат со работа. Ова ќе влијае на сите – од социјалното осигурување и воздушниот сообраќај до пристапот до националните паркови.Ако финансирањето не биде одобрено поради политички несогласувања, агенциите се приморани да ги затворат своите врати. Работниците нема да можат да одат на работа и нема да бидат платени додека трае затворањето.Сепак, федералните агенции прогласени како критични ќе продолжат со работа. FBI и CIA нема да престанат со работа, контрола на воздушниот сообраќај ќе остане активна, како и службите за безбедност на границите. Националната електродистрибутивна мрежа исто така е заштитена. Исплатите на социјалното осигурување ќе се извршуваат, здравствената заштита за ветераните и корисниците на Medicare програмата нема да биде прекината, а американската пошта ќе продолжи со достава.За време на последното затворање на владата во 2018 година, 340.000 од 800.000 федерални работници беа привремено пратени на одмор (furlough). Сите кои се на одмор ќе ја добијат платата ретроактивно кога ќе се вратат на работа, иако овој прекин може да предизвика финансиски притисок врз семејствата, особено во услови на криза на трошоци за живот.Одредени агенции сами одлучуваат кој оди на одмор, а кој останува на работа, иако Канцеларијата за буџет на Белата куќа и претседателот предупредија за можни масовни отпуштања. Таквите отпуштања дополнително би го оптеретиле работењето на агенциите кои веќе се погодени од претходни намалувања на буџетот воведени оваа година.Ова не е ново за САД. Од средината на 1970-тите, имало 20 затворања или прекини на финансирање, со кои Американците морале да се соочат. Во 1995 година, владата беше затворена речиси еден месец поради несогласувања помеѓу администрацијата на Клинтон и републиканскиот Конгрес. Последното, во 2018 година, траеше 35 дена откако демократите не го одобрија планот на Трамп за изградба на ѕид на јужната граница. Другите претходни затворања траеле помалку од една недела.Следните гласања за привремени планови за финансирање на републиканците и демократите се закажани за среда, иако моментално не изгледа веројатно дека ќе се постигне итен договор. Демократите бараат укинување на намалувањата на буџетот што републиканците ги воведоа оваа година во државниот здравствен програм Medicaid.

Свет | пред 5 месеци

media-library78amtn9sve273gO4lT2

Амбасадата на САД во Скопје со ограничени објави поради „shutdown“ во Америка

Амбасадата на САД во Скопје соопшти дека нивната официјална сметка на социјалните мрежи нема редовно да се ажурира сè додека не се обезбедат средства за целосно функционирање на институциите во Америка.„Поради прекин на финансирањето, оваа сметка нема редовно да се ажурира сè додека не се обноват целосните операции. Објавите ќе бидат ограничени само на итни информации поврзани со безбедност и сигурност,“ се наведува во соопштението.Ситуацијата е последица на т.н. „government shutdown“ во САД, што настанува кога Конгресот не успее да усвои буџет или привремено финансирање, со што се ограничува работата на дел од федералните институции и амбасади.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Аxios: Белата куќа ја обвини Европа дека ја продолжува војната во Украина

Според пишувањето на американскиот портал Axios, високи претставници на Белата куќа сметаат дека дел од европските лидери го продолжуваат војната во Украина, убедувајќи го украинскиот претседател Володимир Зеленски да почека подобар договор со Москва.Фрустрацијата во Вашингтон расте поради отсуство на напредок од разговорите меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп што се одржаа пред две недели на Алјаска. Американските претставници веруваат дека некои европски државници ја поттикнуваат Украина да очекува нереални територијални отстапки од Русија.„Европјаните не смеат да го продолжуваат овој војна и да поттикнуваат неразумни очекувања, а истовремено да очекуваат Америка да ја сноси цената,“ изјавил висок претставник на Белата куќа за Axios.Медиумот не прецизира кои земји се на мета на критиките, но наведува дека тоа не се Обединетото Кралство или Франција, кои заедно ја предводат таканаречената „коалиција на подготвените“, лабаво партнерство на западни земји што и ветуваат поддршка на Украина.

Свет | пред 6 месеци

IMG_6878

(Видео) Иран нападна американски бази во Катар

Иран го возврати ударот и ги нападна американските воени бази во Катар.Веста ја објави иранската државна телевизија. Го најавија почетокот на операцијата „Добра вест за победа“ против американските сили во воздухопловната база во Катар.Трамп го свика тимот за национална безбедност за да разговара за заканите. Тој предупреди дека на секој напад ќе биде одговорено со сила многу поголема од онаа што беше видена за време на американскиот напад врз ирански нуклеарни објекти.

Свет | пред 9 месеци

dui-

ДУИ ја поддржува заложбата на САД за спречување на ширењето на нуклеарното оружје

Демократската унија за интеграција ја поддржува координираната заложба на Соединетите Американски Држави и нивните сојузници за спречување на ширењето на нуклеарното оружје во рацете на авторитарни режими.„Последните случувања покажуваат дека демократскиот свет не може да стои со скрстени раце пред заканата од нуклеарно вооружен Иран, кој би претставувал директна опасност за глобалната безбедност, мирот во регионот и правата на милиони невини граѓани. ДУИ стои цврсто на страната на евроатлантските вредности: спречување на нуклеарни закани, заштита на мирот и зајакнување на меѓународниот систем заснован на правила и одговорност“, стои во партиското соопштение.Ова, посочуваат, е време кое бара решителност, координација и зрелост.„ДУИ ја повторува својата посветеност на мирот, колективната безбедност и непоколебливото партнерство со САД, НАТО и Европската Унија“, велат од ДУИ.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-06-08-at-09.54.36

Трамп ја испраќа Националната гарда во Лос Анџелес: судири и апсења низ градот

Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата нареди распоредување на 2.000 војници од Националната гарда во Лос Анџелес, изјави неговата портпаролка, по судирите во калифорнискиот град за време на протестите против масовните апсења на нелегални имигранти.„Претседателот Трамп потпиша претседателски меморандум со кој се овластува распоредување на 2.000 војници од Националната гарда за справување со беззаконието на кое му е дозволено да цвета“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, обвинувајќи го вториот ден од протестите во Лос Анџелес за „неспособното“ демократско раководство на Калифорнија.Претседателот на САД претходно се закани дека федералната влада ќе интервенира и ќе го реши проблемот „доколку гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, и градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, не можат да си ја работат работата, за која сите знаат дека можат“.Гувернерот на демократите, Гавин Њусом, редовна цел на нападите на американскиот лидер, ја осуди одлуката како „намерно провокативна“.Федералните агенти се соочија со околу 100 демонстранти во областа Парамаунт во југоисточен Лос Анџелес, каде што некои демонстранти мавтаа со мексикански знамиња, а други ги покриа устите со респираторни маски. Неколку лица беа уапсени.„Ги разгледуваме видеата за да ги идентификуваме сторителите. Вие донесете хаос, ние донесеме лисици“, напиша помошникот-директор на ФБИ, Ден Бонгино, за содржината со рејтинг X.Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, рече дека Пентагон е подготвен да мобилизира активни маринци „доколку насилството продолжи“ во Лос Анџелес. „Министерството за одбрана веднаш ја мобилизира Националната гарда за поддршка на федералните органи за спроведување на законот во Лос Анџелес. И ако насилството продолжи, активните маринци во кампот Пендлтон исто така ќе бидат мобилизирани - тие се во состојба на висока готовност“, напиша Хегсет на X.

Свет | пред 9 месеци

WPViijiX1E-zapocna-polozuvanjeto-na-cevkite-od-gasovodot-severen-tek-2-vo-vodite-na-danska

Личниот пријател на Путин тајно договара проект со Американците кој би ја фрлил Европа на колена?

Западот се претвори во театар на апсурдот. Ентузијазмот на некои европски лидери за „моралната лекција“ што Володимир Зеленски ја даде на Доналд Трамп во Белата куќа, се спушти, открива „Фигаро“, на француско-британскиот предлог со два потписи: а) едномесечен прекин на огнот со Русија и б) договор Украина-САД за експлоатација на минерални резерви.Јасен и цврст став дека Зеленски мора да се врати во Вашингтон беше искажан по состанокот, на кој беше прославен европскиот пркос кон Трампистите, од страна на лордот Питер Манделсон, амбасадорот на Обединетото Кралство во Вашингтон: „...тој го повика Зеленски да го потпише договорот и ги повика Украина и сите европски лидери да обезбедат „недвосмислена поддршка за иницијативата што претседателот Трамп ја презема“ за да посредува во последниот потпис на Обединетото Кралство треба да биде првиот што ќе се согласи на прекин на огнот и ќе ги повика Русите да го сторат истото, пишува Фајненшл тајмс.Во исто време, зад грбот на „пркосните“ лидери на ЕУ, личен пријател на Владимир Путин преговара со американските инвеститори за реконструкција на Северен тек 2, со премолчена поддршка на Белата куќа.Во најголем дел, лидерите на земјите-членки на ЕУ се залагаат за намалување на зависноста од поскапиот, американски ЛНГ гас, додека тие иновативно го прогласија рускиот гас за политички несоодветен извор на енергија. Дали стратегијата за сигурна енергетска иднина во ЕУ треба да се остави на поранешниот офицер на Штази Матијас Варниг, т.е. човекот кој управуваше со Северен тек 2 до 2023 година, со американски инвеститори да го обнови клучниот стратешки гасовод, кој беше уништен од украинските тајни агенти? Или е подобро да не правиме ништо и едноставно да увезуваме поскап американски гас „поради стратешки интереси“? Така, додека раководството на ЕУ го слави Зеленски – кој, според сите достапни информации, уништи еден крак од гасоводот Северен тек 2 (другиот никогаш не бил искористен), Американците ќе обезбедат контрола врз снабдувањето со гас во Европа. Кога и ако хипотетичкиот гас повторно тече низ Северен тек 2, гасоводот наменет за снабдување на ЕУ во суштина ќе биде под американско-руска контрола, а ЕУ ќе се брани од оваа зависност со увоз на американски ЛНГ гас. Енергетската безбедност на ЕУ се појавува во ова сценарио – многу гасена.Приказната за заеднички руско-американски потфат за обнова на Северен тек 2 моментално е во доменот на теоријата, при што првите практични случувања се одвиваат во форма на тајни преговори под модерација на Ворниг. Во случај на мировен договор, Трамп најави укинување на санкциите кон Русија, како и развој на бизнисот со режимот на Путин, но не е јасно дали рускиот гас ќе стане политички прифатлив за Европа ако го купи од Американците. Руската и американската страна засега не сакаат да коментираат информации за преговорите. Financial Times дава повеќе детали за Варниг (близок пријател на Путин):„Варниг рече дека станал близок пријател со Владимир Путин во 1990-тите, откако тој отворил канцеларија за заемодавецот Дрезднер банка во Санкт Петербург, каде што тогаш непознат Путин раководел со комитетот за надворешни работи на градот скијаше во Давос и го покани на погребот на неговиот татко, според интервјуто во 2023 година со поранешниот офицер на Штази во Ди Цајт, Но, Варниг ја нарече инвазијата на Путин неискажлива грешка и поднесе оставка од одборите на две енергетски компании управувани од Кремљ, откако војната во Украина избувна во 202 година истакнувајќи дека рускиот претседател бил толку изолиран што 'Единствената личност која сè уште може да му каже нешто – јас'“Варниг го напушти Nord Stream 2 AG, руската државна компанија која управува со гасоводот, во 2023 година, но за Die Zeit изјави дека извршниот директор на Гаспром Алексеј Милер гарантирал дека ќе ги покрие трошоците со надеж дека ќе го спаси она што останало, пишува FT.Првата идеја за купување на „Северен тек 2“ ја изнесе американскиот бизнисмен со контакти во Русија, Стефан Линч, но администрацијата на Џо Бајден не беше многу заинтересирана, ниту пак европските. Феноменолошки интересно е дека американскиот приватен капитал има поголем интерес за европските енергетски потреби отколку европскиот политички естаблишмент.

Свет | пред 1 година

nK8nP-1637411-gjgj-ls

Трамп ја менува својата реторика кон Русија: им испрати порака, а одговорија од Москва

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата социјална мрежа Truth Social изјави дека нема да има друг избор освен да воведе даноци, тарифи и санкции за Русија и другите инволвирани земји доколку Москва не постигне договор со Украина.„Не сакам да ја повредам Русија. Го сакам рускиот народ и отсекогаш сум имал многу добри односи со претседателот Путин. Никогаш не смееме да заборавиме дека Русија ни помогна да победиме во Втората светска војна, по цена на речиси 60 милиони животи. Со сето тоа кажано, ќе и направам голема услуга на Русија, чија економија е во колапс, а и услуга на претседателот Путин. Решете се сега и запрете ја оваа смешна војна! Само ќе биде полошо. Ако не се договориме и наскоро, немам друг избор освен да поставам високи даноци, тарифи и санкции за сè што Русија продава на Соединетите Држави и на разни други земји-учеснички. Да ставиме крај на оваа војна која никогаш немаше да започне да бев претседател! Можеме да го направиме тоа на лесен или потешки начин - а лесен начин е секогаш подобар. Време е да се направи зделка. Не смеат да се губат повеќе животи!“, рече Трамп.Набрзо стигна првата реакција на Русија. Заменик-претставникот на Русија во ОН, Дмитриј Полански, изјави за Ројтерс дека Москва треба да види што ќе вклучува договорот што го предлага Трамп.„Не станува збор само за завршување на војната. Пред сè, има прашање за решавање на основните причини за украинската криза“, рече тој.„Значи, мораме да видиме што значи „договорот“ за претседателот Трамп. Тој не е одговорен за она што САД го прават во Украина од 2014 година, правејќи ја „антируска“ и подготвувајќи се за војна со нас, но сега е во негова моќ да ја запре таа злонамерна политика“, продолжи тој.Денешното соопштение на Трамп е само продолжение на неговата се пожестока реторика кон Русија. По неговата инаугурација, Трамп веќе изјави дека претседателот Владимир Путин ја уништува Русија.„Тој треба да постигне договор. Мислам дека ја уништува Русија со тоа што нема да постигне договор“, нагласи тој, мислејќи на инфлацијата и лошата економија на Русија.Тој предупреди дека Путин не може да биде задоволен со неговиот бавен напредок во Украина.„Тој се обидува. Повеќето луѓе мислеа дека војната ќе трае околу една недела, а сега поминаа речиси три години. Не изгледа добро“, рече американскиот претседател.Трамп претходно даде голем број коментари за завршување на војната во Украина, од велејќи дека може да ја „реши“ пред да ја преземе функцијата до ветување дека ќе го реши за „еден ден“.Уште во 2023 година, тој изјави за Си-Ен-Ен: „Ако сум претседател, оваа војна ќе ја решам за еден ден, за 24 часа“.За време на предизборната дебата со Камала Харис, тој рече: „Тоа е војна која едвај чека да се реши. Ќе ја решам уште пред да станам претседател. Ако победам, кога ќе бидам избран за претседател, ќе разговарам со едниот, ќе разговарам со другиот, ќе ги донесам“.Рускиот претседател Владимир Путин повторува дека Москва е отворена за дијалог со новата американска администрација, при што приоритет е решавање на основните причини за кризата. Тој потврди дека Русија ги зема предвид изјавите на Трамп и членовите на неговиот тим за нивната подготвеност да ги обноват контактите и потребата да направат се што е можно за да се спречи третата светска војна.Сепак, нема потврда дека моментално се договара средба меѓу Трамп и Путин. Во исто време, украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Киев договара средба со американскиот претседател. Екипите се ангажирани за договарање на средбата. Постапката е во тек“, истакна тој.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Американската војска собори 5 беспилотни летала на Хутите: Бунтовниците немилосрдно гаѓаат западни бродови

Американската војска рано утрово собори пет беспилотни летала над Црвеното Море, објави американската Централна команда (USCENTCOM) на социјалната мрежа X.Овие беспилотни летала, според USCENTCOM, претставуваат непосредна закана за американската коалиција и трговскиот брод во регионот.„Овие активности се преземаат за да се заштити слободата на навигација и да се обезбедат меѓународни води за американската коалиција и трговскиот брод“, додаде УСЦЕНТКОМ.Од ноември минатата година, Хутите напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив со проектили и беспилотни летала во, како што велат, поддршката за палестинската милитантна група Хамас во конфликтот со Израел во Појасот Газа.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-08-at-09.00.49

Се урна хеликоптер во Америка, има загинати: Полицијата ги идентификуваше жртвите

Тројца членови на медицински хеликоптерски тим загинаа во несреќа во Кентаки, објави денеска ABC News.Според Air Evac Lifeteam, тројцата загинати биле на пат да земат пациент.„Ова беше страшна несреќа и изразуваме сочувство до семејствата и пријателите на вработените“, се вели во соопштението на компанијата.Националниот одбор за безбедност на транспортот соопшти дека ја истражува несреќата.https://twitter.com/KaceeRAllen/status/1843477195886395840Ер Евак Лајфтим во соопштение рече дека еден од нивните хеликоптери - Ер Евак 133 - се урнал додека одговарал на итен повик околу 18 часот.Според државната полиција на Кентаки, жртвите -- Гејл Алеман, Бетани Ајкен и Џејмс Велш -- биле прогласени за мртви на местото на настанот.Тројцата биле лоцирани надвор од округот Грант и биле на пат да земат пациент кога се случила несреќата.

Свет | пред 1 година

3768ee92-resize-820x0x100

ФБИ уште минатата година предупредувал за момчето кое пукаше во училиштето во Џорџија

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) соопшти дека напаѓачот во смртоносното пукање во средата во училиште во Џорџија, Колт Греј, бил испрашуван од полицијата минатата година за анонимни закани на Интернет, по дојава на ФБИ.Греј (14) во мај 2023 година ѝ негираше на полицијата дека стои зад објавите на Интернет кои содржеле слики од оружје, предупредувајќи за пукање во училиштата.Осомничениот Греј отвори оган во средата во средното училиште Апалачија во градот Виндер, убивајќи двајца наставници и двајца ученици, соопштија истражителите, пренесе Би-би-си.Во соопштението, ФБИ рече дека Националниот центар за операции за закани ги предупредил локалните органи за спроведување на законот во мај 2023 година, откако добил анонимни совети за „онлајн закани за пукање во училиште на неидентификувана локација и време“. Агенцијата соопшти дека во рок од 24 часа истражителите утврдиле дека заканите потекнуваат од Грузија.Замениците на шерифот потоа го интервјуирале Греј и неговиот татко, кои „изјавиле дека имале ловечко оружје во домот, но субјектот немал пристап до нив без надзор“, соопшти ФБИ. Осомничениот, кој тогаш имал 13 години, негираше дека ги упатувал заканите преку Интернет, а официјалните лица „ги алармирале локалните училишта да продолжат да ја следат темата“.„Во тоа време, немаше причина да се изврши апсење или да се преземе било каква дополнителна локална, државна или федерална акција за спроведување на законот“, се додава во соопштението на ФБИ.Во нападот во средата загинаа наставниците Кристина Ирми и Ричард Еспинвол, како и 14-годишните ученици Мејсон Шермерхорн и Кристијан Ангуло, а беа повредени и осум ученици и еден наставник. Греј бил уапсен во училиштето и ќе му се суди како возрасен, а локалната канцеларија на шерифот соопшти дека засега не е познат мотивот или конкретната цел за нападот.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Девојче убиено во престрелка во Америка: Две деца се во критична состојба, полицијата трага по напаѓачот

Осум лица беа застрелани, меѓу кои три деца, вклучително и седумгодишно девојче кое им подлегна на повредите, во престрелка поврзана со ривалството на локалните банди на Саут Сајд во Чикаго, соопшти денеска полицијата.Девојче беше застрелано во главата синоќа и им подлегна на повредите, додека едногодишно момче и седумгодишно момче беа застрелани повеќекратно и се во критична состојба, изјави заменик-началникот на полицијата во Чикаго, Дон Џером на брифинг за печатот одржан на местото на конфронтацијата на улицата 52 во јужната страна на градот.„Полицијата одговорила на дојавата за пукање околу 21 часот, но кога пристигнала на местото, ги нашла само застреланите, меѓу кои покрај трите деца, имало и возрасни на возраст од 19 до 40 години“, соопшти локалната полиција.Според Џером, истрагата се уште е во прелиминарна фаза, но очевидци рекле дека две лица пукале.„Ова не беше случаен чин на насилство, туку се чини дека е поврзан со ривалски банди. Без разлика на мотивите за ова пукање, вечерва се повредени три невини деца, а едно од нив им подлегна на повредите“, изјави Џером.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Силно невреме ја зафати Америка: Луѓето останаа без струја

Неколку луѓе загинаа и беа повредени во одделни инциденти во Њујорк, Пенсилванија и Њу Хемпшир, додека невремето, придружено со силен дожд и снег, го погоди североисточниот дел на САД.Силните ветрови и обилните врнежи урнаа дрвја и далноводи, а во еден момент речиси 700.000 домови и деловни објекти останаа без струја, пренесува АП.Повеќето корисници останаа без струја во Мејн и Њу Хемпшир, а локалните власти соопштија дека далноводите биле оштетени и урнати од обилниот, влажен снег.Една жена загина кога дрво откорнато од ветрови до 80 км/ч паднало врз нејзиниот автомобил во предградие на Њујорк во средата, а друга жена загинала во четвртокот во пожар во Њу Хемпшир по експлозија на гас во куќа за која се верува да се случило кога дрво паднало врз куќата поради невреме.Нејзината ќерка е повредена и хоспитализирана, соопштија властите, пренесува CBS News.Уште две лица загинаа во средата во Пенсилванија кога дрвја беа урнати од силниот ветер.Претходно, во Оклахома загина жена која се криела во одводна цевка за време на силен дожд, како и жена во предградието на Филаделфија, чиј автомобил бил погоден од дрво кое било соборено од ветрот и уште едно лице кое учествувало во сообраќај несреќа во Кентаки, според АП.Десетици летови во овој регион беа откажани или одложени, а многу училишта и јавни институции беа затворени во северните региони на САД.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Хаос во Америка: Петмина повредени во престрелка, полицијата трага по напаѓачот, има мртви

Полицијата во Вашингтон трага по осомничениот кој побегнал по смртоносното пукање.Според ABC News, две лица загинале, а пет се ранети.Полицијата трага по Афроамериканец „со просечна градба, облечен во светли панталони и сина кошула“, соопшти полициското одделение.„Последен пат е виден како трча по улицата. Не се обидувајте да го спречите, повикајте полиција“, велат од полицијата.Причината за нападот се уште не е позната.

Свет | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања